Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0001_resize

Во Општина Делчево преку фондовите на ЕУ досега се инвестирани околу 2 милиони евра, средства наменети за развојни проекти. Ова денеска на прес-конференција го истакна градоначалникот Горан Трајковски кој потенцираше дека со овие средства се решени многу инфратсруктурни проблеми, а се осовремени и условите за работа на учениците и наставниците.

- Овде би ги спомнал европските партнерски проекти со Благоевград со чија реализација се регулираше дел од речното корито на река Брегалница. Потоа, преку друг проект се работеше на енергетски ефикасно јавно осветлување при што беше извршена замена на 760 уличните светилки со ЛЕД -диоди во градот Делчево и во 8 села во општината. Исто така, се реконструираа улиците „Питу Гули“, „Маршал Тито“ и „Светозар Марковиќ“ преку проектот „Општински рурални инвестиции“ со буџет –291.018 евра, од кои 195.000 евра е грантот на ЕУ преку од ИПА -програмата преку Министерството за финансии администрирано од Светска банка, кофинансирањето од националниот буџет е во износ од 65.000 евра и од општинскиот буџет во износ од 31.018 евра, истакна Трајковски.

Тој додаде дека следува втората фаза од овој проект со кој се планира да се реконструира улицата „Маршал Тито“ до населбата Стрелиште, а во планот се и решавање на други инфраструктурни проблеми во населените места во градот. Исто така, до крајот на годината се очекуваат резултатите од аплицираниот проект во партнерство со општина Благоевград со кој ќе се продолжи изградбата на кејот за уште 200 метри, а се очекуваме и резултатите од проектите поднесени од делчевските училишта.

-Почитувани, ова се дел од проектите кои Општина Делчево ги реализираше директно со поддршка на ЕУ, а има уште доста кои се со индиректна поддршка од најразлични фондови. И ако, досега, во фаза кога Македонија, генерално, беше заглавена во небиднина, во нашата општина се инвестирани околу 2 милиони евра, тогаш можете да замислите што ќе значи за нашето Делчево, отворањето на вратите на ЕУ и стабилноста на државата која се гарантира со влезот во НАТО. Колку може Делчево да се изгради со удвојување на средствата, а и со повеќекратно нивно зголемување по влезот на земјата во ЕУ. Земете пример од нашите источни соседи и работите ќе ви бидат појасни! Еве што зборуваат бројките: на државно ниво од 2007 до 2020, вкупната годишна помош од ЕУ за Македонија изнесува над 90 милиони евра. Преку ЕУ -фондовите во изминатите 20 години се внесени една милијарда евра европски пари преку проекти што генерирале огромни резултати, потенцираше Трајковски.

Трајковски потенцираше дека овие средства се одличен извор за реализација на заложбите: да се подобри инфраструктурата, а без инфраструктура нема развој и нема квалитет на животот.

-Европската Унија ги отвора вратите за нашата иднина. Бидете одважни и сигурни дека ние ја носиме и креираме нашата иднина и иднината на нашите деца. Ние мора да го изградиме нашето Делчево по европски терк и да ја донесеме Европа дома, а не нашите деца да одат во Европа. Имаме историска шанса да ја оствариме оваа визија и да ја промениме перцепцијата-во родното место, да се гради и живее иднина. 30-ти септември е нашата шанса за иднината, рече Трајковски

Градоначалникот Трајковски ги повика граѓаните на Делчево да присуствуваат на отворената трибина со премиерот Зоран Заев, која ќе се одржи вечерва на летната сцена во 20 ч. и на која ќе се отворат прашањата за Преспанскиот договор, за придобивките од евроатланстките интеграции на земјава и за значењето на престојниот референдум.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 19 Октомври 2018, 08.28 од Д.Чапевски
2018-10-19-07-31-12  Екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа акција за расчистување на растителниот отпад и  материјал покрај коловозите на сообраќајниците во градот. Акцијата е редовна есенска активност на...
Објавено на 15 Октомври 2018, 14.56 од Д.Чапевски
2018-10-15-13-57-45 Во организација на Меѓуопштинското здружение на слепи лица од Кочани и Сојузот на слепите од Благоевград, соседна Бугарија, денеска во Делчево се одржа 5-та по ред прекугранична средба на слепите лица...
Објавено на 11 Октомври 2018, 09.38 од Д.Чапевски
-77-   Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ја одбележа 77-годишнината од почетокот на антифашистичкото Востание. Пред Споменикот на паднатите борци, делегација од Општина Делчево предводена...
Објавено на 09 Октомври 2018, 14.03 од Д.Чапевски
2018-10-09-13-06-47 Советничката група на опозициската коалиција предводена од ВМРО -  ДПМНЕ во Делчево денеска остана уште без еден советник. Советникот Вице Стоиловски од ГРОМ, на денешната, 14 Седница на Советот,...
Објавено на 09 Октомври 2018, 13.55 од Д.Чапевски
-5-3- Врз основа на Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина („Сл. Весник на РМ” бр. 147/08 и 45/11)...
Објавено на 09 Октомври 2018, 08.05 од Д.Чапевски
2018-10-09-07-07-34 Од вчера (08.10.2018 година) е ставен во функција елетричниот полнач за електрични автомобили во Делчево кој се наоѓа на паркингот пред Спомен-домот АСНОМ. Заинтересираните граѓани кои имаат електрични...
Објавено на 08 Октомври 2018, 14.50 од Д.Чапевски
2018-10-08-13-52-04 Општина Делчево ги информира граѓаните кои овој период варат ракија дека не смеат да го фрлаат комињето во канализацијата, бидејќи постои опасност од нејзино затнување. Поради евидентираните случаи за...
Објавено на 08 Октомври 2018, 10.27 од Д.Чапевски
2018-10-08-09-28-48 По повод Светскиот ден на учителот, на традиционална свеченост во Делчево беа доделени признанијата на најдобрите просветни работници во двете основни училишта, како и во средното училиште во...
Објавено на 05 Октомври 2018, 12.26 од В.Мицевски
2018-10-05-11-33-47 Четиринаесетата Седницата ќе се одржи на 09.10.2018 (вторник) во фоајето на Спомен домот АСНОМ во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на Записникот од...
Објавено на 05 Октомври 2018, 12.16 од В.Мицевски
2018-10-05-11-24-27 Сто педесет дечиња од детските градинки од Источна Македонија денеска во Делчево се натпреваруваа во детските „Игри без граници“. Годинава во организација на делчевската детска градинка „Весели...
Објавено на 05 Октомври 2018, 11.55 од В.Мицевски
2018-10-05-11-05-59 Со пригодна свеченост организирана од повозрасните ученици, во двете основни училишта во Делчево сто и едно прваче станаа членови на Светската детска организација. Свечено облечени и насмеани, тие...
Објавено на 04 Октомври 2018, 14.13 од Д.Чапевски
2018-10-04-13-21-29   Општина Делчево штеди енергија од уличното осветлување и до 70%, а за 30% е зголемен броојот на електрични светилки во јавното осветлување. Ова се само дел од резултатите од партнерскиот проект...
Објавено на 04 Октомври 2018, 10.15 од Д.Чапевски
2018-10-04-09-28-48 Општина Делчево ги известува жителите на с. Вирче дека водата од селската чешма Чешма џамија во селото не е исправна за пиење. Согласно со резултатите од направените анализи на водата од страна на...
Објавено на 03 Октомври 2018, 14.55 од Д.Чапевски
2018-10-03-13-56-46 Општина Делчево ги известува жителите на с. Град дека водата од локалниот селски водовод во с. Град не е исправна за пиење. Согласно со известувањето од ЈЗУ Јавно здравје од Кочани, водата од...
Објавено на 02 Октомври 2018, 12.52 од Д.Чапевски
2018-10-02-11-56-23 Детската градинка „Весели цветови“ од Делчево  ќе биде домаќин на традиционалните регионални спортски игри „Игри без граници“ кои ќе се одржат в петок на 5 октомври, во спортската сала на СОУ...
Објавено на 02 Октомври 2018, 08.31 од Д.Чапевски
2018-10-02-07-43-48   Подвижен рендген апарат, мамограф, болнички кревети, душеци, помагала, апарати, мебел, колички и најразличен друг медицински инвентар во вредност од 300 илјади евра се донирани во делчевскиот...
Објавено на 27 Септември 2018, 14.28 од Д.Чапевски
2018-09-27-13-32-52 Се решава децениски проблем на крак од ул. „Острец“ во населбата Маџир Маало којшто претставуваше тесно грло и проблематично место за користење од страна на жителите на оваа зона.  Деновиве е...
Објавено на 27 Септември 2018, 10.49 од Д.Чапевски
2018-09-27-09-53-16  Заврши изградбата на тротоарот на ул „Светзар Марковиќ“ во должина од 510 метри, а од денеска треба да започне изградбата на тротоарите на ул „Питу Гули“ од двете страни на улицата во должина од...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес612
mod_vvisit_counterВчера2270
mod_vvisit_counterОваа недела8447
mod_vvisit_counterПретходна недела10419
mod_vvisit_counterОвој месец32746
mod_vvisit_counterПретходен месец57694
mod_vvisit_counterВкупно2204930

Присутни online: 25
Ваша IP: 54.162.133.222
,
Денес: Окт 20, 2018