Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0006_resize

Договорот  за изградба на првиот пешачки мост во Делчево беше потпишан денеска во Општина Делчево од  градоначалникот Горан Трајковски и директорката на Центарот за развој на Источно-плански регион Драгица Здравева.

При чинот на потпишување на Договорот, градоначалникот Трајковски истакна дека се започнува постапката за изградбата на првиот пешачки со што и се остварува желбата на граѓаните да добијат пешачки мост, проект кој беше избран како приоритетен во рамки на претходно одржаниот форум во заедниците.

 -По потпишувањето на договорот ќе следува тендерот за избор на најдобар понудувач кој ќе биде објавен наредниве денови. Овој мост ќе го поврзува стариот со новиот дел на градот со што, освен што ќе биде и украс на градот, тој ќе биде дел од туристичкиот пакет на Делчево. Од друга страна мостот ќе биде и доста функционален со тоа што граѓаните ќе имаат подобар и пократок пристап до детската градинка, автобуската, библиотеката, училиштата, зградата на Општината, но и градскиот пазар, а ќе се растовари сегашниот мост кој е и единствен во центарот на градот и ќе се зголеми безбедноста на пешаците, посебно учениците, рече Трајковски.

 Директорката Драгица Здравева, потенцираше дека Договорот е во рамките на проектот Збогатување на туристичката понуда со изградба на пешачки мост на река Брегалница во Делчево“.

-Со потпишувањето на договорот за изградба на пешачки мост продолжува одличната соработка на Центарот за развој на Источно-плански регион и општина Делчево. Во ситуација која финансиски ја има Општина Делчево сме благодарни што еве успеавме со градоначалникот и со Советот се договоривме да постигнеме консензус за да го зголемат буџетот за реализирање на овој проект. Се надевам на тендерот ќе се јават квалитетни фирми и благовремено ќе ги завршиме сите активности, рече Здравева.

 Вкупниот буџет за изградба на пешачкиот мост е 7, 5 милиони  денари од кои 65,5 проценти ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа преку Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година. Општина Делчево како партнер ќе обезбеди 34,5 проценти од буџетот на Општина Делчево.

DSC 0010_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 19 Февруари 2019, 13.19 од Д.Чапевски
2019-02-19-12-28-14 20  редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 26.02.2019 (вторник) со почеток во 14.00 часот,, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...
Објавено на 18 Февруари 2019, 09.34 од Д.Чапевски
-75- По повод 75-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 24.02.2019. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните на Општина...
Објавено на 14 Февруари 2019, 12.42 од Д.Чапевски
2019-02-14-11-44-37 Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа којашто вчера се случи на автопатот Скопје – Тетово и во...
Објавено на 13 Февруари 2019, 11.49 од Д.Чапевски
2019-02-13-10-55-43 Максимално вклучување на учениците во изработката на проекти кои ќе донесат соработка со училишта од други држави, подобрување на наставниот процес и односот на учениците кон училишниот инвентар и...
Објавено на 12 Февруари 2019, 14.05 од Д.Чапевски
-monilinia-fructicola Овоштарите од Пијанец и Малешевијата денеска на едукативна трибина ги слушнаа причините за појавата на штетниот организам кај коскестото овошје Monilinia Fructicola и начините како да се справуваат со...
Објавено на 11 Февруари 2019, 13.43 од Д.Чапевски
2019-02-11-12-44-29   Екипи од ЈПКД „Брегалница“ денеска ги започнаа градежните работи за реконструкција на  водоводната линија во делчевското село Габрово. Станува збор за реконструкција на потисен цевковод...
Објавено на 08 Февруари 2019, 12.50 од Д.Чапевски
2019-02-08-11-51-22 ОЈУДГ,,Весели Цветови,, Делчево во воспитната 2019/2020 година има предвидено 900.000 денари за реализација на повеќе инвестиции за подобрување на квалитетот на услугите во воспитно згрижувачката...
Објавено на 08 Февруари 2019, 09.56 од Д.Чапевски
2019-02-08-08-58-46 Вторник (12.02.2019) со почеток во 11:30 часот, во фоајето на спомен-домот АСНОМ ќе се одржи едукативна трибина со производителите и откупувачите на слива и друго коскесто овошје на тема...
Објавено на 07 Февруари 2019, 15.15 од Д.Чапевски
-012019- Врз основа на член 52 став 1 и став 2 од Законот за административните службеници (Службен Весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014 ,48/15 154/15, 5/16 , 142/16,11/2018), Секретарот на Општина...
Објавено на 06 Февруари 2019, 11.28 од Д.Чапевски
2019-02-06-10-30-57 Во ООУ „Ванчо Прке“ во тек се градежни работи за изградба на дворната ограда со која ќе се реши голем проблем на училиштето поврзан со безбедноста на учениците и заштитата на имотот на...
Објавено на 05 Февруари 2019, 14.03 од Д.Чапевски
2019-02-05-13-07-56 Средношколците од Делчево, Берово, Виница и Македонска Каменица кои деновиве престојуваат во посета на европската престолнина Брисел и Европскиот парламент, остварија средби Манфред Вебер, кандидат на...
Објавено на 05 Февруари 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-02-05-11-07-55 Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска подари дваесетина наслови од детска литература на подрачното училиште во с. Ѕвегор. Целта на оваа активност е да се збогати библиотечниот фонд на подрачното...
Објавено на 04 Февруари 2019, 11.28 од Д.Чапевски
2019-02-04-10-34-00  Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 147-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот...
Објавено на 04 Февруари 2019, 07.38 од Д.Чапевски
2019-02-04-06-45-38  Во Општина Делчево се одржа работна средба на градоначалниците од регионот со бугарскиот европратеник Андреј Новаков за подбро искористување на европските фондови. Средбата беше на иницијатива на...
Објавено на 01 Февруари 2019, 11.13 од Д.Чапевски
2019-02-01-10-15-00 Во тековната 2019 година, Општина Делчево заедно со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Делчево ќе ги зајакнуваат капацитетите и ќе ја промовираат родовата еднкавост како вредност...
Објавено на 31 Јануари 2019, 14.18 од Д.Чапевски
2019-01-31-13-20-40 Во деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево во тек е е втората фаза од проектот„Учење и запознавање преку заедничко учење во современи услови“ кој се однесува на подобрување на условите во училиштето во...
Објавено на 30 Јануари 2019, 15.23 од Д.Чапевски
-------2019-- Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска го посети домот на првороденото новороденче во 2019 година во Делчево, Мила Стојковска. Малата Мила е родена на 6 јануари во државната...
Објавено на 30 Јануари 2019, 12.24 од Д.Чапевски
2019-01-30-11-25-58 Селото Полето и приградската населба Басарица во Делчево ќе добијат улично осветлување.  Деновиве екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа со монтирање улични светилки по претходно поставено електрично...
Објавено на 30 Јануари 2019, 12.08 од Д.Чапевски
2019-01-30-11-10-26 Во партнерство со Владата и Агенцијата за планирање на просторот, Општина Делчево по период од 20 години, изработува Генерален урбанистички план со што ќе се решат сите тесни грла во досегашното...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1030
mod_vvisit_counterВчера2437
mod_vvisit_counterОваа недела6356
mod_vvisit_counterПретходна недела14013
mod_vvisit_counterОвој месец39432
mod_vvisit_counterПретходен месец61166
mod_vvisit_counterВкупно2457591

Присутни online: 40
Ваша IP: 54.90.204.233
,
Денес: Фев 21, 2019