Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0001_resize

Денеска во Делчево пред граѓани, претставници од јавните институции и граѓанскиот сектор, беше одржана презентација на проектот „Биовил“ кој има за цел да иницира, промовира и предводи развој на регионални концепти за биоенергија, како и да воспостави биоенергетски села во Македонија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска, сè до фаза на инвестирање.

На презентацијата беа објаснети целите и бенефитите од биоенергетското село и искуствата од Општина Кичево, како и Општина Карпош, a Љупчо Димов од SDEWES-Скопје, го претстави значењето на биоенергетското село.

Биоенергетско село се подразбира населба, село, општина или заедница која произведува и користи енергија најмногу од сопствената биомаса и други обновливи извори на енергија. Биомасата од шумарството, земјоделството, како и отпадната биомаса, се употребува во биоенергетското село за производство на електрична енергија и топлина,рече Димов.

Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека Делчево е една од малкуте општини во државава која е интерес и дел од светски познатиот проект „Биовил“ и Делчево ја добива можноста и овде кај нас да се применуваат знаењата и искуствата од постојните биоенергетски села ширум Европа, како Германија, Данска, Австрија,но и искуствата стекнати и за време на тековниот процес на развој во македонската целна заедница Кичево.

-Овде би потенцирал дека одржливата биоенергија и искористувањето на локалните ресурси носат социјални и еколошки, но и енергетски придобивки со примената на пристапот на биоенергетско село, рече Трајковски.

Проектот BioVill (www.biovill.eu) e тригодишен проект поддржан од Програмата на Европската Унија за истражување и иновации - Хоризонт 2020. Проектот се реализира од март 2016 година со партнери, како од целните земји, така и од Австрија и Германија и трае до март 2019 година.

Целна општина во проектот е Кичево, каде е развиен концепт на биоенергетско село кој вклучува мал систем за централно греење на отпадна биомаса. Во овој проект, покрај целната општина избрани се и Делчево, Крива Паланка и Чашка како општини-следбеници. 

DSC 0003_resize

Share/Save/Bookmark