Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0002_resize

Во пресрет на Рефендумот во земјава, денеска во организација на Општина Делчево граѓанскиот сектор дебатираше за актуелните  прашања кои се од посебно значење за напредокот на Република Македонија, како и за нивните очекувањата од евроатлатските интеграции. На тема беа придобивките од членството во ЕУ и НАТО, јакнењето на демократските процеси во државава, но и принципите на Коалицијата „ Заедно за  европска Македонија“ кое е неформално движење на граѓани, заедници, синдикати, стопански комори, политички партии и друг тип здруженија.

 Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека Македонија помина низ многу крстопати во минатото, а во кои граѓанските организации преку заедничка акција, во најважните моменти, имаа клучна улога и му помагаа на општеството да го избере вистинскиот пат.

- Со потенцирање на историската можност пред нас и важноста од носење нова правилна одлука, јас испраќам повик до претставниците на граѓанските организации во Делчево за приклучување кон Коалиција „Заедно за европска Македонија“ – неформално движење од групи граѓани, заедници, граѓански организации, друштва, синдикати, политички партии, стопански комори и друг тип на здруженија кои по однос на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година, се согласни да ги повикаат граѓаните да излезат и да гласаат за Европска Македонија, истакна Трајковски.

Тој додаде дека очекува граѓанскиот сектор во Делчево активно да се приклучи кон оваа Коалиција и со своите активности да придонесе за испишување нови страници од историјата на Македонија, а тоа е новото поглавје –европска Македонија.

Советникот за ЛЕР од Општина Делчево, Тони Стоименовски ги презентираше проектите поддржани од европските фондови и нивното значење за граѓаните на Општина Делчево, но и потенцираше дека и за општината и за граѓанскиот сектор се посебно важни структурните фондови кои следуваат по актуелните претпристапни фондови, каде се дава можност да бидеме носители на проектите и грантови кои ќе изнесуваат и повеќе од милион евра.

Во Коалицијата „Заедно за европска Македонија“ досега членуваат 70 организации од кои две од Делчево.

Анита Цоневска од НВО„КХАМ“ која е член на Коалицијата потсети дека улогата на граѓанскиот сектор е да го артикулираат гласот на граѓаните, да ги застапуваат, да менуваат, креираат и донесуваат политики, но и да го увидат проблемот и да понудат решение.

-Од 2009 активно работиме и го следиме исполнувањето на поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на правосудството и фундаменталните права, како и за правда, слобода и безбедност.  Затоа „КХАМ“ е дел од оваа Коалиција и е ЗА ефикасен непристрасен судски систем, за отворени граници, можност за поголем економски пазар, за развој на економијата, за поголема вредност на трудот, за родова еднаквост, за квалитет на здравствените и социјалните услуги, за рамноправно место во општеството на граѓанскиот сектор, истакна Цоневска.

Присутните претставници од граѓанскиот сектор во Делчево позитивно ги оценија процесите кои се одвиваат во земјава и нивните очекувања се насочени кон јакнење на демократските процеси во Македонија, а Референдумот го оценија како врв на едно демократско општество и демократски инструмент кој граѓаните треба да го искористат и сами да одлучат каква иднина сакаат.

DSC 0004_resize

DSC 0005_resize

Share/Save/Bookmark