Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

По повод Светскиот ден на учителот, на традиционална свеченост во Делчево беа доделени признанијата на најдобрите просветни работници во двете основни училишта, како и во средното училиште во Делчево.

За најдобар просветен работник во Делчево е прогласена наставничката по одделенска настава од ООУ „Св.Климент Охридски“, Васка Филипова. Воедно, таа е и најдобар просветен работник во училиштето каде работи како одделенски наставник.

 Филиповска завршува основно и средно образование во Делчево, а високо образование на Педагошкиот факултет во Штип, на одделот одделенски наставник. По завршувањето на Факултетот се вработува како професор по одделенска настава. Зад себе има стаж од 15 години во кој со огромен ентузијазам за работа се обидува наставните предмети да им ги претстави на учениците како мошне интересни, да им ги доближи и да им станат едни од поомилените. Во текот на работниот стаж има посетено разни обуки и семинари на кои го збогатила своето знаење, а во интерес на унапредувањето на знаењето на учениците.

За најдобар просветен работник во Општинското основно училиште Ванчо Прке е прогласена наставничката по математика Нада Ѓорѓиевска.

Нада Ѓорѓиевска, потекнува од земјоделско семејство од мајка Верица и татко Павле. Основно образование завршува во село Драмче, а средно гимназиско во Делчево. Педагошка Академија математика/физика има завршено во Штип.

Најдобар просветен работник во средното образование е професорката по македонски јазик, Весна Соколовска.

Соколовска завршува средно образование во делчевската гимназија Методи Митевски Брицо“, студира на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје.

Најдобрите просветни работници од својата работна организација добиваат награда по 3000 денари, додека професорот по одделенска настава Васка Филиповска како најдобар просветен работник во Делчево добива и награда во висина од 3000 денари која ја доделува  Здружението на просветни работници од Делчево.

Share/Save/Bookmark