Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0001_resize

Советничката група на опозициската коалиција предводена од ВМРО -  ДПМНЕ во Делчево денеска остана уште без еден советник. Советникот Вице Стоиловски од ГРОМ, на денешната, 14 Седница на Советот, со изјава поднесена до претседателот на делчевскиот Совет, Драган Маневски, истапи од коалицијата на локално ниво. Во изјавата Стоиловски потенцираше дека во иднина во Советот ќе делува како независен советник.
Стоиловски е втор советник од делчевскиот Совет кој ја напушта опозициската коалиција предводена од ВМРО - ДПМНЕ. Пред два месеци, советникот од ВМРО НП, Николчо Ситновски , исто така, ја напушти коалиција.

Распоредот на силите во Советот од денеска се : 5 советници од коалицијата предводена од ВМРО - ДПМНЕ, два независни советници и 8 советници од владејачката коалиција на СДСМ.

Инаку, на денешната 14 Седница на Советот на Општина Делчево  беше донесена Одлуката  за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Делчево за 2018 година. Анка Христова од Одделението за финансии и буџет во своето образложение истакна дека со Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Делчево за 2018 година е извршено распоред на средствата на сметката за донација за проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград-Делчево“ финансиран од ИПА-компонентата за прекугранична соработка, Република Македонија-Република Бугарија.

-Пренамената е изготвена заради помалку пресметаните средства на погоренаведените конта и повеќе планираните средства на 482110, кои беа предвидени и во буџетот за 2017 година. Истите мораше да ги предвидиме и во буџетот за 2018 година, бидејќи се до донесувањето на буџетот за 2018 година средствата не пристигнаа, туку истите беа пристигнати и исплатени на крајот на буџетската година. Исплатите за проектот по сите основи треба да бидат завршени на 16.10.2018 година, и затоа е потребно донесување на Одлуката од страна на Советот на општината, со цел навремено сервисирање на извршените работи како и исполнување на обврските спрема донаторот, согласно динамиката на проектот и навремено затварање на проектот, рече Христова.

Советниците донесоа и одлуки од областа на урбанизмот, како и Одлука за дополнување на Програмата за поставување урбана опрема на територијата на град Делчево со намена самостоечки рекламни паноа и информативни табли.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 20 Јануари 2019, 19.26 од В.Мицевски
2019-01-20-18-34-49 Зимскиот распуст за сите ученици е продолжен за два дена. Ваква мерка донесе попладнево Владата на Република Македонија поради загадениот воздух во повеќе градови во земјата. Во продолжение целото...
Објавено на 19 Јануари 2019, 10.51 од Д.Чапевски
2019-01-19-09-57-24 Од трисетината момчиња кои денеска се фрлија во студените води на реката Брегалница во Делчево, 25 годишниот Васил Панчовски од Делчево беше највешт и најсреќен и успеа да го фати светиот крст од...
Објавено на 18 Јануари 2019, 14.18 од Д.Чапевски
2019-01-18-13-20-36 Во Делчево одржана првата работилница за креирање родови политики на комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите во општините Делчево, Берово и Пехчево. Како што информираше Анита Цоневска од...
Објавено на 18 Јануари 2019, 08.16 од Д.Чапевски
2019-01-18-07-24-20  Звуците на познатите хитови од седумдесетите, осумдесетите и деведесетите години, но и актуелни популарни хитови, интерпретирани на гудачки инструменти, синоќа ја наполнија киносалата во Делчево....
Објавено на 16 Јануари 2019, 15.06 од Д.Чапевски
2019-01-16-14-08-32 Снегот од тротоарите и јавните површини ЈПКД „Брегалница“од Делчево од денеска ќе го чисти со современа машина за чистење снег. Машината денеска пристигна во дворот на ЈПКД „Брегалница“ и според...
Објавено на 16 Јануари 2019, 09.24 од Д.Чапевски
2019-01-16-08-25-49 Фотоволтаични системи ќе се инсталираат на Спомен-домот АСНОМ-општинска административна зграда, ООУ „Св.Климент Охридски“ и ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, како дел од Програмата за подобрување на...
Објавено на 14 Јануари 2019, 14.02 од В.Мицевски
2019-01-14-13-16-27 „Сурова“ ечеше денеска во делчевски Ѕвегор со што Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во...
Објавено на 14 Јануари 2019, 09.22 од В.Мицевски
2019-01-14-08-27-41 Во рамките на новогодишните и божиќните празнувања, Општина Делчево организира целовечерен концерт на гудачкиот квартет ВИВА Стрингс, кој ќе се одржи на 17 јануари (четврток) во киносалата во Делчево со...
Објавено на 10 Јануари 2019, 14.59 од Д.Чапевски
2019-01-10-14-06-24   Пробиени се патиштата до горните села во Општина Делчево. Пристапните локални патишта до селата, Вирче, Град, Истевник, Пасјакот, Ветрен Илиово, Турија кои претставуваат прв приоритет за зимско...
Објавено на 10 Јануари 2019, 13.50 од Д.Чапевски
2019-01-10-12-53-50 Се одржа Конститутивната седница на Локалниот совет за превенција на Општина Делчево кој е составен од претставници на локалната и централната власт, како и други владини и невладини...
Објавено на 10 Јануари 2019, 11.47 од Д.Чапевски
2019-01-10-10-50-00  Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2018/2019 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 12 средношколци...
Објавено на 04 Јануари 2019, 12.49 од Д.Чапевски
-1087- Согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 2011 г. и неговите измени и дополнувања за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објкети, заклучно со 31.12.2018...
Објавено на 04 Јануари 2019, 09.27 од Д.Чапевски
-12019-2- Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен Весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16,35/18 и 198/18) ,член 11 од Законот за...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.48 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-48-53     Општина Делчево им соопштува на граѓаните кои имаат намера да поднесат барање за легализација на бесправно изградени објекти дека тоа можат да го сторат  во текот на денешниот...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.41 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-43-02 Почитувани сограѓани, Влегуваме во последните часови од старата година во која имаше многу неизвесности и предизвици, но и убави моменти,реализиравме проекти и заедно со вас работевме да ја направиме...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-55-51 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска им додели новогодишни пакетчиња на учениците од пониските одделенија од двете основни училишта и децата од Дневниот центар за лица со...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.25 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-28-46  Со пригодна свеченост и новогодишен коктел во организација на Општина Делчево беше ставен во функција мултикултурниот и мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...
Објавено на 28 Декември 2018, 08.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-07-46-49 Пред преполната сала во ООУ „Ванчо Прке“, децата од детската градинка „Весели цветови“ ја реализираа новогодишната програма насловена како „Новогодишна бајка“. Со многу аплауз, детска смеа и среќни...
Објавено на 27 Декември 2018, 14.53 од Д.Чапевски
-2019- Советниците од Советот на Општина Делчево на 18 Седница на Советот го усвоија Буџетот на Општина Делчево за 2019 година, кој е планиран во вкупен износ од 265.985.412 денари, додека основниот буџет...
Објавено на 27 Декември 2018, 11.59 од Д.Чапевски
2018-12-27-11-04-45  Денеска во детската градинка „Весели цветови“ градоначалникот Горан Трајковски со помош на  Дедо Мраз поделија 350 новогодишни пакетчиња на сите дечиња кои ја посетуваат градинката. Оваа...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1010
mod_vvisit_counterВчера1401
mod_vvisit_counterОваа недела1010
mod_vvisit_counterПретходна недела14453
mod_vvisit_counterОвој месец39436
mod_vvisit_counterПретходен месец62265
mod_vvisit_counterВкупно2396530

Присутни online: 30
Ваша IP: 54.144.24.41
,
Денес: Јан 20, 2019