Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

отчет

Почитувајќи го начелото за отчетно и транспарентно работење, денеска пред Вас ја презентирам мојата работа и работата на општинската администрација во изминатите 12 месеци, период во кој ја водам општината како градоначалник. Вашата доверба дадена на изборите пред една година ме обврзува и ме мотивира максимално да се вложувам и да барам решение за наталожените проблеми. Дванаесет месеци, го слушаме вашиот глас и вашите потреби и работам со мојот тим за да го изградам Делчево во модерна општина и општина по мерка на сите граѓани и континуирано да се создаваат услови за унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани.

Јас би го оценил овој период од 12 месеци за успешен период на една општина, која долги години живее со блокирана сметка и општина чиј углед беше  сериозно нарушен. Како нова локална власт, приоритет ни беа инфраструктурните проекти, за да донесеме развој и да кажеме „збогум“ на калливите улици и на со години запоставуваните инфраструктурни проблеми. Во овој период инвестирани се или се во тек на реализација околу 142 милиони денари во најразлични инфраструктурни проекти, средства од општинскиот буџет, најразлични европски донатори и средства од централниот буџет на државата. Посебно сум горд што го потпишав договорот за најголемата донација воопшто од постоењето на Делчево, донацијата од Швајцарската Конфедерација и од Министертсвото за животна средина во висина од 7, 3 милиони швајцарски франци за реализација на најголемиот проект за изградба на прочистителна станица за вода за пиење во Делчево и со што го решаваме актуелниот проблем и најголемиот проблем со квалитетот на водата за пиење во градот Делчево и во селата Габрово и Ѕвегор. Знаејки дека водата во иднина ке биде најскапоценото нешто во светот,сакам да истакнам дека, сите проекти се битни што ке ви ги спомнам, но реализацијата на овој проект е мојот животен сон од позиција на функцијата градоначалник на општина Делчево.

Дел од предвидените капитални проекти се започнати, но нивната дореализација ќе следува наредната година, согласно со динамиката на процедурата која сакаме и мораме да ја испочитуваме.

Изработивме проектно- техничка документацијаво вредност од 2.100.000 денари, за да бидеме подготвени за најразличните повици од донатори, аплициравме на многу повиции отпочнавме нови проекти. Работиме на транспарентност и отчетност, работиме да бидеме општина за сите граѓани. Во првата година над 1300 граѓани се примени од мене во редовниот термини за прием на странки, но и во текот на целата работна недела. Во овој период издадени се одобренија за 31 градба,од нив 8 за Општина Делчево за реализација на проектите. Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во изминативе 12 месеци има донесено 130 решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

За овие 12 месеци, Општина Делчево исплати над 4,3 милиони денари, односно го измиривме со годинистариот долг кон 13 пожарникари, ги исплативме заостанатите 14 паушали на советниците од претходниот состав и редовно ги исплаќаме сегашните паушали на советниците, ја исплатив првата рата од кредитот за доградба на детската градинка „Весели цветови“. Исто така, исплатена е и обврската на Општина Делчево за Локалните избори кон политичките партии во висина од 270.000 денари. За реконструкција на улици и патишта во оваа година исплативме вкупно 24.930.000 денари и тоа за изградба на локалниот пат Делчево-Вратиславци, како и за реконструкција на улиците „Маршал Тито“, „Светозар Марковиќ“ и „Питу Гули“ и пешачката патека Илин Камен градена во 2011.

Преку Источно планскиот регион се изборив за пешачки мост на река Брегалница, тендерот успешно се реализира и економскиот оператор има рок за изведба од девет месеци. Со овој мост граѓаните добиваат нов функционален премин преку реката Брегалница, кон детската градинка, училиштето „Ванчо Прке“, градската библиотека, автобуската станица и Општината.

Во рамките на проектот „Општински и рурални инвестиции“, ги реконструиравменајфреквентните улици во Делчево„Светозар Марковиќ“, „Питу Гули“ и „Маршал Тито“со вкупна должина од над 1,2 км., а ги изградивме и тротоарите на улиците. Изградивме и дел од локалниот пат  Илиово-Турија, делница од патот с. Турија- с. Трстија преку бирото за регионален развој,во должина од 400м.и вкупна вредност на инвестицијата од 2 милиони денари.

 

Завршува реконструкцијата на патниот правец с. Бигла-Виница кој беше „тесно грло“ во сообраќајната комуникација со останатиот дел од Македонија. Асфалтирани се околу 9 км и проширен е коловозот од 3 м на 5 метри.

Овде морам да ја истакнам и комплетната реконструкција на патниот правец Кочани – Делчево којшто е од огромно значење не само за граѓаните на општина Делчево туку и за граѓаните на Каменица, Пехчево, Берово, но и за сите граѓани на државата коишто го користат овој патен правец кон овие дестинации но и кон соседна република Бугарија.За реконструкцијата на овој патен правец сакам да изразам посебна благодарност кон ЈПДП и владата на Република Македонија.

Изградена е улицата „Илинденска“ заедно со потпорен ѕид, во пределот каде што живее претежно ромско население во Делчево. Изработени се проекти за одделување на фекалната од атмосферската канализација во населби во Делчево. Проектирана е атмосферска канализација за населбите СРЦ, Шумски Расадник, ул.„Орце Николов“, и ул „Вера Јоциќ“, така што сите подготвителни работи се завршени и тендерот ќе го распишеме на почетокот на 2019 година.

Изградена е фекална канализација во населбата „Пролет“ во должина од 300 метри, реконструирана е водоводната инсталација во с. Габрово во должина од 800 метри. Успешно е реализиран партнерскиот проект за енергетски ефикасно јавноосветлување и Општина Делчево штеди енергија од уличното осветлување и до 70%, а од друга страна во оваа година за 20% го зголемивме броојот на електрични светилки во јавното осветлување. Ја заменивме старата дотраена електрична инсталација во старата општинска зграда.

Набавивме цистерна за едно против пожарно возило во ТППЕ Делчево и пожарникарите ги опремивме со нови чизми.

Го исчистивме коритото на река Брегалница во централното градско подрачје.

Изработивме проект за современ градски пазар, за кој токму денес аплициравме по отворениот повик и се надевам дека е успееме да го добиеме.

pazar1 pazar2

Добивме одобрение за градба на градската капела, а нејзината изградба ќе стартува наредната година.

Прв пат по две децении во Општина Делчево се извршивме санација и прочистување на пристапни патишта со земјен коловоз. Извршивме санација, прочистување и порамнување на пристапни патишта со земјен коловоз во должина над 100 км.

На задоволство за сите земјоделци во с.Тработивиште, по две децении се исчистени и реконструирани каналите за наводнување во тоа село.

Изработивме проектно-техничка документација за изградба на улици во населбата Басарица,кој што проект го аплициравме и очекувам позитивен исход за да решиме голем проблем и за жителите од оваа населба.

Ќе потенцирам дека во партнерство со нво-секторот со кој имаме многу добра соработка,се изработени два значајни стратешки документи: Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор во општината и Стратегија за социјална заштита.

Привршуваме со уредувањето на првиот мултикултурен и мултифункционален центар кој треба да придонесе за унапредување на учеството на граѓанскиот сектор и граѓаните на Општина Делчево во креирањето на локалните политики.

Овде мора посебно да го потенцирам првиот Бизнис-форум кој го организираше Општина Делчево со цел да ги промовираме потенцијалите на Општината за развој и можностите за инвестиции пред 120 гости стопанственици, наши иселеници, но и од целата држава и од соседните земји и од Турција. Целта од форумот е остварена: се зголемува интересот за инвестиции во Делчево и очекувам во најскоро време и да се реализира дел од нив. Исто така, Општина Делчево, прв пат, беше презентирана надвор од Европа и во една од најбрзорастечките економии во светот - Кина, на Бизнис-самитот на Урбаната алијанса на патот на свилата. Делчево стана рамноправен член на Урбаната алијанса, а ефектите од зачленувањето на Делчево во оваа светска асоцијација, допрва ќе бидат видливи.

 

Успеавме да обезбедиме донации од шведска невладина организација во опрема и медицински помагала во износ од 300 илјади евра за потребите на Здравствениот дом „Гоце Делчев“ од Делчево.

Обезбедивме донација во опрема за детската градинка „Весели Цветови“ од бугарската Фондација „Бугарско сеќавање“ со чија соработка ќе се реализира во Делчево и Првиот семинар по роботика за млади информатичари.  

Се грижиме и за културното и за природното наследство и нивна промоција и ставање во функција на туризмот, затоа повторно го враќаме стариот статус на Локалниот музеј „Пијанец“ и неговото официјално отворање, поради административните процедури, го најавувам за наредната година.

 

 

Посветено работиме и на проекти од културата,слушајќи го гласот на младите, успеавме по толку години во Делчево, да собереме илјадници гости на концертот на Џамбазов и Гуру Хари, овозможивме и се одржа концерт од класичната музика, посветивме внимание и се одржаа историски изложби за Ченто и за Светите апостоли Кирил и Методиј, а ги продолживме и збогативме традиционалните манифестации како Пијанечко-малешевската свадба, Празникот на пијанечката слива, Голачките фолклорни средби, Велигденската изложба и други настани.

Се формираше и Советот на млади и ние како локална самоуправа даваме поддршка на нивните иницијативи со цел младите да бидат активни чинители во нашата средина. Перманентно ги поддржуваме спортските клубови и граѓанските организации, за кои по план и програма донесена на советот на општина Делчево оделуваме средства и финансиски го помагаменивното работење.

Ја интензивиравме меѓуопштинската соработка во регионот МАЛЕШ- ПИЈАНЕЦ во делот на туризмот со патокази и инфо табли отварање на туристички инфо центри опремени со нај современа ИКТ опрема и друг вид на туристичка инфраструктура која ке биде во функција на туризмот. Интезивирана е и регионалната соработка со општините од регионот,граѓанските организации и бизнис заедницата преку формирање на локална акциона група по лидер пристапот на ЕУ.

За сето ова што е досега сработено сакам да упатам голема благодарност до ресорните министерства,владини агенции, фондации,амбасади, граѓански организации кои досега го дадоа својот несебичен придонес за да ги оствариме претходно спомнатите работи.

За тековната 2018 година се исплатени 240.000 денари за новороденчиња во Општина Делчево, исплатени се 480.000 денари за стипендии и награди на одлични ученици, како и околу 300.000 денари за наградно патување на најдобрите 10 матуранти од делчевската гимназија, а дека се грижиме за ранливите категории на граѓани потврдува и податокот дека во тековната година се исплатени и 238.000 денари. Во соработка со ЕВН, ставен е во функција првиот полнач за електрични автомобили во Делчево.Уредена е планинарска патека Делчево - Туристички локалитет Голак и ево функција на ЛЕР на Општина Делчево.

Посебно сакам да ја истакнам конструктивната соработка со Советот на Општина Делчево и сакам да изразам голема благодарност до претседателот на советот Драган Маневски и сите останати советници кои имаа огромен придонес во реализацијата на сето горе споменато.

Од конституирањето на Советот на Општина Делчево до денес се одржани 14 редовни седници и на седниците се водеше расправа по 270 точки.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам и до сите раководители и директори на институциите кои се под локална власт,за нивното стручно, несебично , пожртвувано, чесно и примерно водење на институциите во изминатата година, со што даваат огромен придонес во севкупниот развој на општина Делчево. И, секако, сакам да оддадам признание и до целокупниот мој тим од локалната самоуправа коишто напорно работеа во изминатата година за сѐ ова да го постигнеме.

Почитувани граѓани,продолжуваме заедно и во наредниот период и во оваа прилика порачувам дека работиме максимално да ги придвижиме работите напред и да го оствариме тоа што сме го ветиле. Бидејќи граѓаните на Делчево заслужуваат општина по нивна мерка.

Во оваа прилика сакам да најавам и реконструкција на ул „Маршал Тито“ од ресторанот „Трла“до населбата Стрелиште, реконструкција на ул. „Вера Јоциќ“ во населбата Милково Брдо, како и изградба на улица 3, во населбата СРЦ. Реализацијата на овие големи инфраструктурни зафати е преку проектот „Општински рурални инвестиции“. Исто така, овој месец стартуваме со изградба и на улица во новата населба „Пролет“, улица во с. Габрово, ул „Македонска“и ул „Никола Јонков Вапцаров“. Овде ќе го најавам и проектот за изградба на нова детска градинка во населбата Расадник, за што е изработен идеен проект. Во рамките на проектот е предвидена изградба на 6 занимални на нова локација во населбата Расадник. Вредноста на проектот е 25 милиони денари со ДДВ и околу 3 милиони денари за соодветна опрема потребна во детската градинка. Средствата ќе се обезбедат од буџетот на РМ преку МТСП. Во изминатата година како локална самоуправа имавме одлична соработка и меѓусебно разбирање и почитување со верските заедници во Делчево.

Посебно ми претставува задоволство што со Вас, во оваа прилика ќе споделам една нова информација:– По скоро 2 децении, продолжуваме со доизградба на новата црква во центарот на градот, црквата „Св.Кирил и Методиј“, за што пред два дена обезбедив донација за изградба на фасадата. За оваа донација наскоро ќе добиете подетални информации.

Почитувани мои сограѓани- продолжуваме заедно со една цел да го изградиме Делчево по ваша мерка, по мерка на граѓаните.

 

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 09 Август 2019, 22.49 од Д.Чапевски
2019-08-09-22-15-05 Илјадници гости дел од спектакуларниот концерт на незаменливата Данијела Мартиновиќ и на предгрупите Дикато бенд и Троја бенд. Крајот на забавата го означија делчевците од The...
Објавено на 09 Август 2019, 14.14 од Д.Чапевски
2019-08-09-13-17-34   Ѕвездата на вечерта, Данијела Мартиновиќ, пристигна во Делчево. Првата средба ја имаше со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, на која Трајковски ја запозна гостинката со спецификите на...
Објавено на 09 Август 2019, 12.52 од Д.Чапевски
-3- Изведувачот ГРАНИТ АД Скопје на ден 12.08.2019 година (понеделник) ќе започне со изведување градежни работи во рамки на рехабилитацијата на делницата од магистралниот пат А3 низ градот Делчево,...
Објавено на 09 Август 2019, 06.52 од Д.Чапевски
2019-08-09-06-19-20   Илјадници посетители од Делчево, Виница, околните општини, иселеници од регионот и гости од соседна Бугарија беа дел од новото издание на „Голачките фолклорни средби“ што се одржа синоќа покрај...
Објавено на 08 Август 2019, 14.06 од Д.Чапевски
-20192020 Општина Делчево објави Јавна набавка за превоз на ученици за сите образовни институции во Делчево за учебната 2019/2020 г. Јавната набавка на услуги ,,Превоз на ученици од СОУ „Методи Митевски Брицо“...
Објавено на 07 Август 2019, 16.36 од Д.Чапевски
2019-08-08-05-40-02 Со цел поголема безбедност во сообраќајот во Делчево и на Голак, а во пресрет на централните настани од манифестацијата „Делчевско лето 2019“ кога се очекуваат поголем број гости, денеска претставници...
Објавено на 07 Август 2019, 16.28 од Д.Чапевски
2019-08-08-05-30-09 Општина Делчево ги известува граѓаните дека на 8 август од 2 часот по полноќ  ќе спроведе наменско прскање против комарци и други инсекти кои се потенцијална опасност од преносливи заразни болести....
Објавено на 07 Август 2019, 12.15 од Д.Чапевски
2019-08-07-11-18-29 Во старата прочистителна станица во село Тработивиште од каде се преработува водата за пиење за Делчево и околните села, за прв пат по 25 години се поставува активен јаглен, а исто така и прв пат...
Објавено на 07 Август 2019, 11.25 од Д.Чапевски
2019-08-07-10-28-48   Екипи на ЈПКД „Брегалница“ од Делчево ги уредуваат јавните површини и работат на санација на оштетената урбана опрема во градскиот парк во пресрет на централните настани од „Делчевско лето“. Се...
Објавено на 06 Август 2019, 12.03 од Д.Чапевски
2019-08-06-11-05-39 Општина Дечево доделува локации за вршење угостителска и трговска дејност за ден 9-ти август 2019 година во градскиот парк во Делчево за време на одржување на концертите во рамките на „Делчевско лето“...
Објавено на 06 Август 2019, 11.21 од Д.Чапевски
2019-08-06-10-22-15 Екипи на ЈПКД „Брегалница“ со поддршка на ТППЕ Делчево извршија чистење на Голак.  Акцијата која беше во организација на Општина Делчево ги опфати локациите кои се најпосетувани од туристите и...
Објавено на 05 Август 2019, 11.57 од Д.Чапевски
2019-08-05-11-00-42  Општина Делчево доделува локации за вршење угостителска и трговска дејност на планината Голак на 8 август, а по повод традиционалните „Голачки Фолклорни средби“. Локациите се наоѓаат на следните...
Објавено на 05 Август 2019, 10.11 од Д.Чапевски
2019-08-05-09-13-43  Претставникот од ПСК „Голак“ од Делчево, Љупчо Чучуковски кој беше дел од експедицијата „Трилогија Алпи 2019“ ги развеја општинското и македонското знаме на највисоките врвови на...
Објавено на 05 Август 2019, 06.51 од Д.Чапевски
2019-08-05-06-09-05   Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и...
Објавено на 02 Август 2019, 09.46 од Д.Чапевски
2019-08-02-08-53-12   Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ги одбележа двата Илиндена, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Одбележувањето се одвиваше пред спомен-...
Објавено на 31 Јули 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-07-31-11-05-59 Осум екипи од цела Македонија ќе се натпреваруваат на Ноќниот турнир во баскет кој започнува вечерва од 19 ч на спортските терени од ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево. Претседателот на Советот на млади на...
Објавено на 29 Јули 2019, 13.41 од Д.Чапевски
2019-07-29-12-43-20 Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за набавка на работи „Изградба на дел од локален пат Л-10 отклон од пат М-5 (нова ознака А3)- Илиово-Турија (делница од с.Турија-с.Трстија)...
Објавено на 29 Јули 2019, 08.31 од Д.Чапевски
2019-07-29-07-34-33  Во тек се градежните работи за изградба на улицата која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка во Делчево. Согласно со проектот, улицата во централното градско подрачје позната...
Објавено на 25 Јули 2019, 11.29 од Д.Чапевски
2019-07-25-10-32-16  Делчево доби грант од Министерството за финансии за изградба на градска капела во рамките на  Проектот за подобрување на општинските услуги кој го спроведува Министерството за финансии со...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2215
mod_vvisit_counterВчера2378
mod_vvisit_counterОваа недела2215
mod_vvisit_counterПретходна недела16369
mod_vvisit_counterОвој месец40744
mod_vvisit_counterПретходен месец58421
mod_vvisit_counterВкупно2879208

Присутни online: 33
Ваша IP: 18.206.15.215
,
Денес: Авг 18, 2019