Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0009_resize

Делчевските советници на денешната редовна 15 Седница ги донесоа Имените и допонувањата на Буџетот на Општина Делчево за 2018 година. Според образложението на Анка Христова, раководител на Одделение за финансии и буџет, измените во буџетот на општината за 2018 година се потребни поради информациите дека дел од планираните приходи во основниот буџет нема да пристигнат до крајот на годината, а со тоа нема да се реализираат и планираните расходи. Намалувањето на вкупниот буџет е за околу 7%, додека намалување има во основниот буџет, а зголемување има  во буџетот на донации. Основниот буџет се намалува за 27.532.000 денари односно околу  23,4%, а буџетот на донации е зголемен за околу 17,4%,  односно изнесува 27.532.000 денари.

-Во групата 71, даночни приходи ( данок од доход, даноци на имот, даноци на специфични услуги и такси за користење или дозволи за вршење на дејност),намалувањето е во делот на даноците на имот за 14,5%, (2.140.000 ден), како и кај даноците на специфични услуги за 17,2%, односно за 3.210.000 денари. Кај приходите од даноци на имот (данок на имот од физички и правни лица, данок на наследство и подарок и данок на промет на недвижности), намалувањето е како резултат на намалениот процент на наплата на данокот на промет, кој данок е непредвидлив и се планира согласно историските податоци од минати години и направените досегашни анализи, па  според нашите согледувања до крајот на годината не може да се оствари наплатата на планираниот износ и затоа истите се намалени за 1.500.000 ден.или за 33,3%. Исто така, помал дел намалување има и во делот на планираните приходи за данок на имот од правни лица, поради ликвидирање на дел од фирмите и не можеше да се изврши наплатата на данокот на имот и тука намалувањето е за 16,6% или 600.000 денари, истакна Христова.

Намалувањето  во делот на приходите од даноци од специфични услуги е за износ од 3.210.000 денари или околу 17,3%. Намалувањето произлегува од намалениот износ од надоместокот за уредување на градежно земјиште (комуналии)  и помал дел од комуналната такса за истакната фирма, од истата причина спомната како и за данокот на имот, односно поради ликвидирање на дел од фирмите комуналната такса не можеше да се наплати. (тековната година е донесена Одлука на Совет за бришење на ликвидираните фирми а со тоа и износите за наплата). Неданочните приходи се намалени  за износ од 2.404.000 денари или за околу 42%.

Христова истакна дека има зголемување на капиталните приходи  за околу 60,8% или за 1.800.000 денари кои произлегуваат од зголемување на приходите од продажба на неизградено земјиште во сопственост на РМ и вкупниот износ изнесува од 2.960.000 на 4.760.000 денари.

-Намалување имаме и во делот на трансфери и донации од 58.623.000 на 40.178.000 (18.445.000денари) или за 31,5%. Најголем дел се намалени од планираните средства од тековни трансфери од други нивоа на власт и капитални трансфери од други нивоа на власт. Приходите од самофинансирачките активности и приходите од дотациите остануваат исти и во ребалансот, а во донациите имаме зголемување од 4.077.000 денари или  17,3%.  Овде се дополнително планирани средства од проектот за „Одржливо управување со природните ресурси во микрорегионот Пијанец-Малеш- фаза 2“, рече Христова.

Во расходниот дел во основниот буџет има намалување во делот на платите и надоместоци од плати, во износ од 399.500 денари, во делот на стоки и услуги износот се намалува за 11% или за 2.756.000 денари, во делот на субвенции и трансфери намалувањето е за 540.000 денари или  за 17,6%. На групата 47 социјални бенефиции има мало зголемување за 7% или за 50.000 денари и на групата 48 капитални расходи, намалувањето изнесува 41,6%, или 20.353.000.

Советниците денеска ќе расправаат по над 30 предлог-одлуки, а меѓу нив Извештајот за финансиското работење на ЈПКД „Брегалница“, Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор и Локалниот акциски план за социјална заштита 2019-2022 година.

DSC 0007_resize

Share/Save/Bookmark