Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Првиот Семинар за роботика, информатика и напредни технологии во Делчево ќе се одржи на 16 ноември, в петок, со почеток во 10 ч. во ресторан „Либеро“. Семинарот е во организација на Фондацијата „Бугарско сеќавање“ и Општина Делчево, а учество ќе земат 220 ученици од општините Делчево, Виница, М. Каменица, Пехчево, Берово и Струмица. Како што истакна Венци Димитровски координатор на проектот, целта на овој Семинар е младите да добијат поголеми познавање на полето на роботиката и дигиталната технологија.

-Пред сѐ, интенцијата е да се прошират познавањата и да се разбуди интересот за роботиката кај младите. Тие ќе имаат можност и да се запознаат со хуманоидниот робот од Бугарија НАО, како и да ги претстават своите автономни роботи, да добијат познавања за дигиталниот свет, криптовалутите и 3Д –печатачите. Пораката е дека дигиталните компетенции се клучни за професиите на иднината и приоритет од Програмата за трансгранично пријателство меѓу Македонија и Бугарија, истакна Димитровски.

Инаку, соработката меѓу Општина Делчево и Фонадацијата „Бугарско сеќавање“ на д-р Милен Врабевски трае скоро една година. Во овој период воспоставена е цврста соработка во делот на образованието, односно надградување на капацитетите на учениците во делот на информатичките технологии и продлабочување на соработката на образовните институции од двете страни на границата.

Неодамна околу 60 млади од Македонија од општините Делчево, Пехчево, Берово, Македонска Каменица и Виница учествуваат на дводневната образовна екскурзија која се реализира во Благоевград, соседна Бугарија. Патувањето бепе на покана на Фондацијата „Бугарско сеќавање“ и е дел од програмата на Фондацијата за трансгранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. 

Претходно делчевски средношколци учествуваа на интерактивен семинар по роботика и дигитална технологија кој се одржа во Струмица. Семинарот беше во организација на д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќевање“, а на него учествуваа над 250 млади од Струмица и Делчево. Фондацијата донираше и опрема за детската градинка во Делчево во висина од 2 илјади евра.

Проектот е дел од долгогодишните инвестиции на д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“ за професионални и образовни перспективи за зближување на населението од двете страни на границата.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 19 Февруари 2019, 13.19 од Д.Чапевски
2019-02-19-12-28-14 20  редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 26.02.2019 (вторник) со почеток во 14.00 часот,, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...
Објавено на 18 Февруари 2019, 09.34 од Д.Чапевски
-75- По повод 75-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 24.02.2019. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните на Општина...
Објавено на 14 Февруари 2019, 12.42 од Д.Чапевски
2019-02-14-11-44-37 Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа којашто вчера се случи на автопатот Скопје – Тетово и во...
Објавено на 13 Февруари 2019, 11.49 од Д.Чапевски
2019-02-13-10-55-43 Максимално вклучување на учениците во изработката на проекти кои ќе донесат соработка со училишта од други држави, подобрување на наставниот процес и односот на учениците кон училишниот инвентар и...
Објавено на 12 Февруари 2019, 14.05 од Д.Чапевски
-monilinia-fructicola Овоштарите од Пијанец и Малешевијата денеска на едукативна трибина ги слушнаа причините за појавата на штетниот организам кај коскестото овошје Monilinia Fructicola и начините како да се справуваат со...
Објавено на 11 Февруари 2019, 13.43 од Д.Чапевски
2019-02-11-12-44-29   Екипи од ЈПКД „Брегалница“ денеска ги започнаа градежните работи за реконструкција на  водоводната линија во делчевското село Габрово. Станува збор за реконструкција на потисен цевковод...
Објавено на 08 Февруари 2019, 12.50 од Д.Чапевски
2019-02-08-11-51-22 ОЈУДГ,,Весели Цветови,, Делчево во воспитната 2019/2020 година има предвидено 900.000 денари за реализација на повеќе инвестиции за подобрување на квалитетот на услугите во воспитно згрижувачката...
Објавено на 08 Февруари 2019, 09.56 од Д.Чапевски
2019-02-08-08-58-46 Вторник (12.02.2019) со почеток во 11:30 часот, во фоајето на спомен-домот АСНОМ ќе се одржи едукативна трибина со производителите и откупувачите на слива и друго коскесто овошје на тема...
Објавено на 07 Февруари 2019, 15.15 од Д.Чапевски
-012019- Врз основа на член 52 став 1 и став 2 од Законот за административните службеници (Службен Весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014 ,48/15 154/15, 5/16 , 142/16,11/2018), Секретарот на Општина...
Објавено на 06 Февруари 2019, 11.28 од Д.Чапевски
2019-02-06-10-30-57 Во ООУ „Ванчо Прке“ во тек се градежни работи за изградба на дворната ограда со која ќе се реши голем проблем на училиштето поврзан со безбедноста на учениците и заштитата на имотот на...
Објавено на 05 Февруари 2019, 14.03 од Д.Чапевски
2019-02-05-13-07-56 Средношколците од Делчево, Берово, Виница и Македонска Каменица кои деновиве престојуваат во посета на европската престолнина Брисел и Европскиот парламент, остварија средби Манфред Вебер, кандидат на...
Објавено на 05 Февруари 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-02-05-11-07-55 Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска подари дваесетина наслови од детска литература на подрачното училиште во с. Ѕвегор. Целта на оваа активност е да се збогати библиотечниот фонд на подрачното...
Објавено на 04 Февруари 2019, 11.28 од Д.Чапевски
2019-02-04-10-34-00  Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 147-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот...
Објавено на 04 Февруари 2019, 07.38 од Д.Чапевски
2019-02-04-06-45-38  Во Општина Делчево се одржа работна средба на градоначалниците од регионот со бугарскиот европратеник Андреј Новаков за подбро искористување на европските фондови. Средбата беше на иницијатива на...
Објавено на 01 Февруари 2019, 11.13 од Д.Чапевски
2019-02-01-10-15-00 Во тековната 2019 година, Општина Делчево заедно со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Делчево ќе ги зајакнуваат капацитетите и ќе ја промовираат родовата еднкавост како вредност...
Објавено на 31 Јануари 2019, 14.18 од Д.Чапевски
2019-01-31-13-20-40 Во деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево во тек е е втората фаза од проектот„Учење и запознавање преку заедничко учење во современи услови“ кој се однесува на подобрување на условите во училиштето во...
Објавено на 30 Јануари 2019, 15.23 од Д.Чапевски
-------2019-- Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска го посети домот на првороденото новороденче во 2019 година во Делчево, Мила Стојковска. Малата Мила е родена на 6 јануари во државната...
Објавено на 30 Јануари 2019, 12.24 од Д.Чапевски
2019-01-30-11-25-58 Селото Полето и приградската населба Басарица во Делчево ќе добијат улично осветлување.  Деновиве екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа со монтирање улични светилки по претходно поставено електрично...
Објавено на 30 Јануари 2019, 12.08 од Д.Чапевски
2019-01-30-11-10-26 Во партнерство со Владата и Агенцијата за планирање на просторот, Општина Делчево по период од 20 години, изработува Генерален урбанистички план со што ќе се решат сите тесни грла во досегашното...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1035
mod_vvisit_counterВчера2437
mod_vvisit_counterОваа недела6361
mod_vvisit_counterПретходна недела14013
mod_vvisit_counterОвој месец39437
mod_vvisit_counterПретходен месец61166
mod_vvisit_counterВкупно2457596

Присутни online: 39
Ваша IP: 54.90.204.233
,
Денес: Фев 21, 2019