Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

likovna kolonija

Светот набљудуван и доживуван од младите ликовни уметници и талентираните деца со посебни потреби се преточува со боја и цртеж на сликарските платна во рамките на Ликовната колонија „Даруваме со љубов“ организирана во рамките на Неделата на хуманост.  Со голема поддршка на професорите по ликовна уметност од Делчево и ликовниот уметник Петар Атанасов-Пепи, вредните раце на уметниците преку теми за обединување и свет без различности создаваат дела кои ќе се најдат на продажната изложба  на 3 Декември по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби.

Како што истакна Методи Толевски, директор на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“, една од основните цели на Ликовната колонија, покрај цртањето и сликањето, е децата подобро да се запознаат и да промовираат хумани вредности.

- Покрај тоа што ќе цртаат и сликаат, ќе имаат доволно време да се запознаат, дружат и да разменат искуства. Преку оваа колонија и преку овие настани кои ќе следат сѐ до 3 Декември, сакаме да испратиме една јасна порака до сите институции, дека децата со посебни потреби имаат потреби,како и сите останати деца. Тие се наша реалност, но и наша обврска која поттикнува нивна интеграција во средините каде живеат. За нив не треба да се сеќаваме само на еден ден во годината, туку во текот на целата година да придонесуваме и тие да си го најдат своето место под сонцето, рече Толевски.

Во Ликовната колонија денеска се приклучија и млади уметници од СОУ „М. М. Брицо“.

Неделата на хуманоста е во организација на Општина Делчево, НВО „Бравура кооператива“, сите образовни институции од градот, НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“, ЈЛБ „Илинден“.

likovna kolonija1

likovna kolonija2

Share/Save/Bookmark