Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0083_resize DSC 0085_resize

Продадени сите уметнички слики од Ликовната колонија „Дарувај со љубов“ на денешната Аукцијата за хуманост организирани по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби и во рамките на Деновите на хуманост. Средствата собрани од аукцијата ќе бидат наменети за потребите на лицата од Дневниот центар во Делчево.

Во фоајето на Спомен-домот АСНОМ беа изложени дваесетина творби од ликовната колонија сликани на платно, рачни изработки од децата од Дневниот центар во Делчево, како и честитки изработени од вработени од Општина Делчево, а интересот кај делчевци за посетатат на оваа продажна изложба беше голем.

Аукцијата ја отвори градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој истакна дека  за прв пат во Делчево во реализацијата на еден  хуманитарен настан се обединети сите локални институции и невладиниот сектор.

 

DSC 0088_resize DSC 0089_resize

-Гледајќи ги овие уметнички творби создавани од рацете на талентираните млади ликовни уметници и лица со хендикепи, но со несебична поддршка на своите професори и нашиот драг ликовен уметник Пепи-  не можеме да останеме рамнодушни и да не се запрашаме- што правиме ние за да извлечеме насмевки на лицата и да создадеме услови за нивна интеграција во општеството. Денешниов ден повикува на поголема свеснот за лицата со попреченост, нѐ обврзува да создадеме свест без различности, да промовираме подобро разбирање на полето на хендикепот, но да ставиме и фокус на правата на лицата со посебни потреби и придобивки кои ќе произлезат од процесот на интеграција на овие лица во секој аспект на општествениот живот, истакна Трајковски.

Директорот на Центарот за социјални работи Благој Стоименовски потсети дека правата на лицата со посебни потреби се загарантирани со голем број конвенции, Универзалната декларација за човекови права од ООН и препораки од ЕУ кои се ратификувани од нашата држава.

DSC 0060_resize

-Општина Делчево даде свој придонес во подобрување на социјалната слика на ранливите категоирии вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби преку освојување на Локалниот акциски план за социјална заштита на Општина Делчево кој денес промотивно го објавуваме, а нашите намери се и да го исполнеме, рече Стоименовски.

Деновите на хуманоста обединија повеќе активности,  а целта на сите настани беше да се подигне свеста за лицата со посебни потреби, за нивните можности и права со фокус на нивната интеграција во општеството и да се разбуди филантриопијата која треба да биде дел од имиџот на едно општествено одговорно претпријатие.

DSC 0061_resize DSC 0062_resize

DSC 0066_resize

DSC 0067_resize DSC 0071_resize

DSC 0079_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 12 Јуни 2019, 13.52 од Д.Чапевски
2019-06-12-12-53-36 Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ денеска го одржа вториот состанок на кој беа потврдени досегашните активности, но и беа дефинирани  идните чекори кои остануваат...
Објавено на 12 Јуни 2019, 13.44 од Д.Чапевски
2019-06-12-12-47-26 Екипи на ЈПКД „Брегалница“ деновиве интензивно работеа на санирање и уредување на детското игралиште во населбата Милково Брдо. На овој терен се поставуваше нова заштитна ограда,се поправаа реквизитите...
Објавено на 07 Јуни 2019, 13.46 од Д.Чапевски
sovet   На 24 Седница на Советот на Општина Делчево, делчевските советници едногласно ја поддржаа Одлуката за кофинансирање на Општина Делчево во проектот за изградба на капела во Делчево во висина од...
Објавено на 07 Јуни 2019, 12.35 од Д.Чапевски
2019-06-07-11-38-06  Заврши асфалтирањето на дел од  улицата „Македонска“ во населбата Милково Брдо. Денеска изведувачот СД Транс ги асфалтираше планираните 190 метри, каде претходно беше поставена атмосферска...
Објавено на 07 Јуни 2019, 11.15 од Д.Чапевски
2019-06-07-10-16-12  Општина Делчево ги известува сите правни и физички лица од Општината кои не го платиле долгот за данок на имот и комунална такса за истакната фирма, тоа да го направат најдоцна до 15.06.2019, во...
Објавено на 07 Јуни 2019, 11.04 од Д.Чапевски
2019-06-07-10-06-27 Во Делчево 148 деветтооделенци годинава го завршуваат основното образование. Во ООУ „Св.Климент Охридски“ деветто одделение завршуваат 15 ученици, а во ООУ „Ванчо Прке“ 73. Традиционално, крајот на...
Објавено на 07 Јуни 2019, 08.51 од Д.Чапевски
2019-06-07-07-53-36 Улицата во центарот на градот која ја поврзува зградата на ТППЕ Делчево, ООУ „Ванчо Прке“ со централната сообраќајница „Никола Јонков Вапцаров“ доби асфалт. Изведувачот СД-Транс ја заврши изградбата на...
Објавено на 06 Јуни 2019, 13.20 од Д.Чапевски
2019-06-06-12-22-08 Сокриени во густа борова шума, далеку од очите на секојдневието, некаде меѓу легендата и раката на уметникот со име природа, ги поминуваат деновите во овој нов век, скаменетите сватови. Збиени еден до...
Објавено на 06 Јуни 2019, 08.04 од Д.Чапевски
2019-06-06-07-06-05 ЈПКД „Брегалница“ од Делчево доби донација од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија за набавка на машина за чистење на канализационата мрежа. Вредноста на донацијата...
Објавено на 06 Јуни 2019, 07.36 од Д.Чапевски
2019-06-06-06-38-41  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, деновиве престојува на Форумот на градови и региони „Инвестирање во Западен балкан-Инвестирање во Европа“ што се одржува во Жежов-Полска од 4...
Објавено на 05 Јуни 2019, 09.02 од Д.Чапевски
2019-06-05-08-04-51 Општина Делчево во соработка со ЈПКД „Брегалница“ продолжува со уредување на пристапните патеки и тротоари кои се со земјена подлога. Во моментов се работи на изградба на тротоарите пред станбениот...
Објавено на 31 Мај 2019, 13.40 од Д.Чапевски
----24------- 24. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 07.06.2019 година (петок) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 31 Мај 2019, 10.43 од Д.Чапевски
2019-05-31-09-47-57 Интензивно се работи на изградбата на првиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево. Од денеска се поставува челичната конструкција во должината од 60 метри, распонот е од 42 метри, а ширината на...
Објавено на 31 Мај 2019, 08.47 од Д.Чапевски
2019-05-31-07-48-24 Во рамките на кампањата „Заедно до поубаво Делчево“ и согласно со Програмата за промоција и комуникација со јавноста, во Општина Делчево во тек е пријавувањето за избор на најубаво уреден двор. Досега...
Објавено на 30 Мај 2019, 10.05 од Д.Чапевски
2019-05-30-09-07-05 Се поставува атмосферска канализација на улица „Григор Прличев“ во населбата Милкови Брдо со што се решава уште еден голем проблем за жителите од оваа улица. Екипи на ЈПКД „Брегалница“ деновиве...
Објавено на 29 Мај 2019, 10.54 од Д.Чапевски
2019-05-29-09-56-46 По скоро две децении во Делчево се чистат резервоарите за вода. Со цел подобрување на квалитетот на водата за пиење, ЈПКД „Брегалница“ , покрај редовното чистење и перење на примарната и на секундарно...
Објавено на 27 Мај 2019, 09.12 од Д.Чапевски
2019-05-27-08-15-53 Во тек е реконструкцијата на старата водоводна линија на ул. „Григор Прличев“ во населбата Милково Брдо. Старата и дотарена водоводна инсталација на оваа улица изградена од поцинковани цевки, каде се...
Објавено на 24 Мај 2019, 10.06 од Д.Чапевски
2019-05-24-09-12-00  Делчево е домаќин на научна трибина посветена на годишнината од смртта на најмаркантната личност од сесловенската историја, Константин Кирил Филозоф. Одбележувајќи 1150 години од смртта на...
Објавено на 23 Мај 2019, 13.48 од Д.Чапевски
2019-05-23-12-51-28  Во работна посета на Делчево денеска престојуваше амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, а во рамките на кампањата на  ЕУ,  „ЕУ за тебе“по повод  Денот на Европа и...
Објавено на 23 Мај 2019, 13.37 од Д.Чапевски
2019-05-23-12-41-22  Приказната на теракотните икони од Виничко кале раскажана преку изложбата Ранохристијански керамички релјефи од Виничко Кале, денеска  ја слушнаа и видоа граѓаните на Делчево. Изложбата е...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2519
mod_vvisit_counterВчера2522
mod_vvisit_counterОваа недела2519
mod_vvisit_counterПретходна недела17455
mod_vvisit_counterОвој месец43508
mod_vvisit_counterПретходен месец71910
mod_vvisit_counterВкупно2750945

Присутни online: 26
Ваша IP: 3.90.207.89
,
Денес: Јун 17, 2019