Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

мост2

Фирмата „Жикол“ која го доби тендерот за изградба на првиот пешачки мост во Делчево, денеска беше воведена во работа. Претставници од фирмата беа на работен состанок во Општина Делчево на кој присуствуваа претставници од Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски, како и претставници од Центарот за развој на ИПР и фирмата надзор на проектот „ГЕОИНГ“ од Делчево. На состанокот беше презентиран проектот за изградба на мостот, по што беше направен увид на локацијата, каде ќе се гради овој инфраструктурен проект.

Првиот пешачкиот мост во Делчево ќе се гради од челична конструкција, со должина од 60 метри, распон од 42 метри и ширина на пешачката патека од 3 м.

 Александар Николов, координатор на проектот од Центарот за развој на ИПР, истакна дека  фирмата „Жикол“ има обврска во рок од 6 месеци да го изгради мостот  квалитетно и навремено.

-Вредноста на електронската аукција е 8, 2 мил денари. Околу 60% е учество од ИПР, преку Бирото за регионален развој, а  останатите 39 % се кофинансирање од Општина Делчево. Мора да истакнам дека реализацијата на овој проект е резултат на добрата соработка со Општина Делчево и  градоначланикот на Општина Делчево, Трајковски, истакна Николов.

Градоначалникот Трајковски потенцираше дека се решава децениска потреба на граѓаните на Делчево.

-Денеска можеме да истакнеме дека  почнуваат со имплементација проектите кои ги работевме изминатиот период и наредната година ќе имаме позабрзана градежна офанзива. Овој мост ќе го поврзува стариот со новиот дел на градот со што, освен што ќе биде и украс на градот, тој ќе биде дел од туристичкиот пакет на Делчево. А ќе има дополнителни инвестиции околу уредување на просторот и патеките кои водат до мостот, рече Трајковски.

Изградбата на мостот има и дополнителна вредност, бидејќи Општина Делчево има дополнителни инвестиции за изградба на пристапни рампи и пристапна улица со која ќе се поврзат локалните институции, а неговата изградба е во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда со изградба на пешачки мост на река Брегалница во Делчево“ и е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа на Р.Македонија, Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година

мост1

мост3

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 11 Ноември 2019, 12.38 од Д.Чапевски
2019-11-11-11-39-53 Планинарскиот-спортски клуб ,,Голак” Делчево ги постави сите патокази на планинарската патека ,,Средна” со што целата патека е комплетирана и е ставена на располагање во туристичката понуда на Општина...
Објавено на 11 Ноември 2019, 11.46 од Д.Чапевски
2019-11-11-10-47-51 Општина Делчево ги информира заинтересираните граѓани, претставници од месните и урбаните заедници, претставници од НВО-секторот, организации и правни лица дека организира „Форум за општински Буџет“ на...
Објавено на 11 Ноември 2019, 11.31 од Д.Чапевски
2019-11-11-10-37-50  Во населбата СРЦ во тек е изградба на крак од фекална канализација. Екипи на ЈКП „Брегалница“ работат на поставување цевки фи- 200, во должина од околу 30 метри по што канализационата линија ќе...
Објавено на 11 Ноември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-11-11-08-01-42 Разговор помеѓу две индивидуи со различни идеи и ставови за уметноста се спојуваат во една заедничка сликовита целина којашто доминира во просторот и со специфично осветлување и рефлексија ја креираат...
Објавено на 08 Ноември 2019, 14.25 од Д.Чапевски
2019-11-08-13-27-44  Интензивно се работи на поставување фекална канализација која поминува низ дел од населбите Басарица и Полето. Согласно со проектот, се градат 4 крака од фекалната канализација во должина од 2...
Објавено на 08 Ноември 2019, 12.31 од Д.Чапевски
2019-11-08-11-35-11 Согласно со препораките на Владата, од денеска во Општина Делчево се воспоставени дежурни инспекциски екипи кои ќе вршат контрола поврзана со евентуалната употреба на недозволени средства за огрев и кај...
Објавено на 08 Ноември 2019, 11.10 од Д.Чапевски
2019-11-08-10-13-53 ЛАГ Малеш – Пијанец  започнува со реализација на проект кој треба да придонесе за подобрување на состојбата со управувањето со отпадот во трите општини Делчево Берово и Пехчево. Како еден од ...
Објавено на 07 Ноември 2019, 15.11 од Д.Чапевски
2019-11-07-14-24-15 Во централното градско подрачје, Делчево доби нова улица. Денеска се асфалтираше улицата позната како „Станбена улица 4“ која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка. Улицата која е во...
Објавено на 07 Ноември 2019, 14.05 од Д.Чапевски
2019-11-07-13-07-42   Општина Делчево во соработка со ПСД „Голак“ и планинарскиот водич, Љупчо Чучуковски,  ја започна едукативната кампања „Играме и учиме за природата“ која ги учи најмладите преку игра како да...
Објавено на 06 Ноември 2019, 13.28 од Д.Чапевски
2019-11-06-12-32-50  Со поставувањето нов асфалт, заврши изградбата на крак од улицата „Орце Николов“ во населбата Ново Делчево. Денеска механизацијата од ОСД „Кирил“ ја асфалтираа улицата која е во должина од 50...
Објавено на 06 Ноември 2019, 08.24 од Д.Чапевски
2019-11-06-07-25-17 Општина Делчево ги информира граѓаните, правните и физичките лица, дека со цел да се спречи загадување на амбиенталниот воздух и за почиста животна средина, а согласно со Законот за амбиентален воздух,...
Објавено на 04 Ноември 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-11-04-11-08-00 Општина Делчево денеска ги објави конкурсите за доделување ученички и студентски стипендии за учебната 2019/2020. Годинава ќе се доделуваат 6 ученички стипендии повеќе во споредба со минатата година,...
Објавено на 01 Ноември 2019, 12.09 од Д.Чапевски
2019-11-01-12-35-41  Во циклусот прес-конференции посветени на работењето во изминатите 24 месеци локална власт, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, се осврна на инвестициите во образовниот систем,...
Објавено на 31 Октомври 2019, 08.36 од Д.Чапевски
-022019- РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈАОПШТИНА ДЕЛЧЕВОЛОКАЛНА САМОУПРАВАБр.04-1926/1131/10/2019 година ДЕЛЧЕВО            Врз основа на член 52 став 1 и став 2 од Законот за...
Објавено на 31 Октомври 2019, 08.18 од Д.Чапевски
2019-10-31-07-21-20  Од Црвената полумесечина на градот Измир, Турција, преку Здружението Македонско-турско пријателство од Измир, во Делчево пристигна донација наменета за ученици кои живеат во социјален ризик....
Објавено на 30 Октомври 2019, 10.06 од Д.Чапевски
2019-10-30-09-13-10  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за реализираните проекти во изминатите 24 месеци од областите: чиста вода за пиење и здрава...
Објавено на 30 Октомври 2019, 08.52 од Д.Чапевски
2019-10-30-07-55-32  Во организација на ЈЛБ „Илинден“ и Општина Делчево синоќа во мултифункционалниот центар во Делчево се одржа промоција на новото дело на писателката Билјана Тинтоска. Јавната локална библиотека...
Објавено на 29 Октомври 2019, 08.13 од Д.Чапевски
2019-10-29-07-34-09 Четири капитални проекти се во фаза на реализација, а во моментов во Делчево се реализираат инфраструктурни проекти во вредност од 120 милиони денари. Ова денеска го истакна градоначалникот на Општина...
Објавено на 25 Октомври 2019, 10.23 од Д.Чапевски
2019-10-25-09-24-55  Машинско- возниот парк на ЈКП „Брегалница“ од денеска е побогат за уште едно возило. Станува збор за товарно моторно возило Уаз- профи од руско производство со погон на 4 тркала, како и со товарен...
Објавено на 25 Октомври 2019, 08.32 од Д.Чапевски
2019-10-25-07-34-33  Минситерството за животна средина и просторно планирање согласно со Законот за заштита на природата го прогласи палеонтолошкиот локалитет Стамер за природна реткост. Палеонтолошкиот локалитет...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1221
mod_vvisit_counterВчера1989
mod_vvisit_counterОваа недела3210
mod_vvisit_counterПретходна недела16282
mod_vvisit_counterОвој месец24978
mod_vvisit_counterПретходен месец65940
mod_vvisit_counterВкупно3061952

Присутни online: 30
Ваша IP: 35.172.150.239
,
Денес: Ное 12, 2019