Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

fotovoltaici

Фотоволтаични системи ќе се инсталираат на Спомен-домот АСНОМ-општинска административна зграда, ООУ „Св.Климент Охридски“ и ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, како дел од Програмата за подобрување на инфраструктурата во руралните средини, поддржана од Европската Унија и имплементирана од Министерството за финансии, а администрирана од Светска банка.Средства во висина 15,5 милиони евра, државата ќе ги добие од Европската Унија за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на Програмата вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата, изнесува 20,667 милиони евра.

 Општина Делчево е една од 36 општини, каде што е предвидено инсталирање на фотоволтаични системи на три јавни објекти.  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, потенцираше дека со инсталацијата на фотоволтаични системи на општинската зграда и на двете основни училишта во Делчево продолжува имплементацијата на стратешките цели на Општината за енергетска ефикасност. 

-Делчево ќе добие значајна заштеда на електричната енергија и директно ќе се намалат трошоците на Општината. Истовремено со овој проект ќе се зголеми и бројот на користени обновливи извори на енергија во Делчево со што освен што ќе штедиме енергија, значајно ќе се придонесе и за заштита на животната средина и подобрување на условите за живот на Општина Делчево. Ова е уште еден чекор повеќе за Општина Делчево, кога е во прашање енергетската ефикасност. Овде ќе потсетам дека Делчево штеди енергија и до 70% на јавното осветлување со замената на 760 живини со лед-светилки, рече Трајковски.

Share/Save/Bookmark