Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0004_resize

На 27 март, Делчево ќе биде домаќин на Иновативниот камп –натпревар на средношколци во бизнис- концепт, каде учениците во придружба на нивните наставници и во соработка со бизнис-заедницата ќе можат  да ја претстават својата бизнис-идеја и поблиску да се запознаат со современиот начин на работамотивирајќи се да размислуваат проактивно и своите идеи да ги спроведат во работата. Ова денеска го договорија претставници од организација на Џуниор Ачивмент Македонија и Општина Делчево на која беше потенцирано значењето на претпримеништвото и претприменичко образование, финансиското описменување и јакнење на вештините за полесно вработување.

Љупка Панчевска, директор на ЏА-Македонија истакна дека Иновативниот камп трет пат се одржува во Македонија, но прв пат во Источна Македонија.

-На Иновативниот камп ќе присуствуваат стотина средношколци, наставници, претставници од бизнис-секторот, од Министерството за образование, од донаторот УСАИД, а настанот е осмислен така што учениците го осмислуваат бизнис- планот и изработуваат PowerPoint презентација. Секој тим има свој бизнис- волонтер кој е тука да им помогне на своите тимови со совети, предлози и искуства. Во вториот дел, тимовите излегуваат пред стручното жири и одржуваат презентација, истакна Панчевска.

Петмина ученици од делчевската гимназија СОУ „М.М.Брицо“ прв пат ќе учсетвуваат на ваков натпревар. Директорот на гимназијата Љупчо Прачковски истакна дека и досегашните напори на училиштето и поддршката на Општината се движат во насока да се проширува погледот на учениците  и да се поттикне претприемништвото и тие да се мотивираат како бизнис-идејата да ја преточат од концепт до стварност

DSC 0002_resize

Share/Save/Bookmark