Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

javen povik_slika

Општина Делчево денеска ги објави двата јавни повици за распоредувањето финансиски средства до спортски и граѓански здруженија за 2019 година. Годинава во Буџетот на Општина Делчево се предвидени 900.000 денари за оваа намена, а рокот за пријавување трае 15 дена, односно од 28.01.2019 до 11.02.2019 г.

Согласно со Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018).право на учество на повикот имаа сите граѓански здруженија кои се регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, а приоритетни области и цели за финансирање проектни и програмски активности  се: локалниот економски развој; техниката; образованието; културата; уметноста; социјалната заштита; заштитата на животната средина. Предност ќе имаат настани кои се спроведуваат на територијата на Општина Делчево, а право на учество имаат сите здруженија на граѓани коисе регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации, најмалку 2 години пред објавувањето на повикот и да дејствуваат на територијата на Општина Делчево.

Исто така, право на учество на повикот имаат и сите спортски клубови, спортски здруженија, спортски клубови во рамките на основните училишта и средното училиште и правни лица во областа на спортот кои се регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, или дејствуваат во рамките на основните училишта и средното училиште на територија на Општина Делчево, како и правни лица кои ќе организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево, а кои придонесуваат за развојот на спортот на локално ниво.

Подетални информации во врска со повикот ќе добиете на лседниот линк:

Share/Save/Bookmark