Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0002_resize

На денешната Седница на Советот на Општина Делчево на која се расправаше по 30 точки од Дневниот ред беа донесени повеќе годишни програми, а со цел да се зајакнат капацитетите за достигнување на стандардите во областа на комуникацијата со јавноста, Советот на Општина Делчево, по период од 10 години, по втор пат усвојува Програма за активностите на Општина Делчево во областа на промоцијата и комуникацијата со јавноста.

 Даниела Такева лице за односи со јавноста истакна дека комуникациите со јавноста се еден од најзначајните сегменти од функционирањето на една локална самоуправа согласно со највисоките европски и светски стандарди.

DSC 0003_resize

-Програмата овозможува идентификација на приоритетите во рамките на сложениот процес на комуникација со јавноста, како и јасно лоцирање на расположивите капацитети на овој план. Освен интензивната комуникација со претставниците на средствата за јавно информирање, Програмата овозможува реализација на значајни активности за презентација и промоција на резултатите на Општината, како и подготовка на неопходен промотивен материјал за граѓаните. Токму поради комплексната природа на активностите во областа на промоцијата и комуникацијата со јавноста, оваа Програма претставува флексибилен документ кој континуирано ќе се развива врз основа на понатамошните искуства, рече Такева.

Таа додаде дека Општина Делчево е активно вклучена и во Мрежата за односи со јавност, поддржана од ЗЕЛС, а во рамките на процесот на евроинтеграции што ќе овозможи во периодот што следува, интензивна дистрибуција на информации за прашањата поврзани со ЕУ во соработка со Секторот за европски прашања.

Советот на денешната Седница ја донесе и Програмата за култура за 2019 година, Програмата за работа на Советот, Програма за работа на ЈПКД „Брегалница“-Делчево за 2019 година и манифестации за 2019 година; Програма за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на Комисијата за еднакви можности за 2019 година; Програма за решавање на проблемот со кучињата скитници на подрачјето на општина Делчево за 2019-2020 година; Програма за работа на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2019 година; Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Делчево за 2018 година; Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Делчево; Одлука за утврдување на зони за процена на пазарна вредност на недвижен имот и утврдување на пазарна вредност на градежно земјоделско земјиште според просечни цени на извршени купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Делчево; Програма за одржување на јавна чистота во Општина Делчево за 2019 година и друго.

DSC 0005_resize

Share/Save/Bookmark