Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Во деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево во тек е е втората фаза од проектот„Учење и запознавање преку заедничко учење во современи услови“ кој се однесува на подобрување на условите во училиштето во делот на меѓуетничката интеграција во образованието. Проектот е финансиски поддржан од Фондацијата отворено општество Македонија, а како што истакна координаторот во проектот Ванчо Атанасовски, во првата фаза е реновиран и уреден просторот кој ќе биде опремен со мултифункционални уреди за потребите на медијатеката која е дел од проектот.

 - Овој проект, исто така, има за цел да овозможи современи услови за сите ученици во нашето училиште. Преку него ќе биде реновиран еден дел од училиштето, односно една просторија која досега беше обичен магацин. Ќе направиме мала медијатека во којашто ќе имаме современи услови за настава, смарт- табла, компјутери, интернет, мултифункционелен уред во којшто учениците ќе скенираат, копираат и ќе ги печатат своите трудови, а во исто време за заедничко дружење на учениците ќе биде ставен еден аудио сет во самиот ходник во училиштето, каде учениците заеднички ќе слушаат музика и ќе прават топ листа од своите омилени песни. Во претходниот период започнавме со уредување на и реновирање на просторот во училиштето, а во рамки на втората фаза од проектот тек е процедурата за набавка на сета онаа опрема којашто треба да биде во медијатеката, истакна Атанасовски. 

Следен чекор во рамките на проектот е издавање на тријазичен разговорник или толковен речник на македонски, англиски и ромски јазик, кој за прв пат во Македонија ќе биде изработен од ученици.

Овој проект во деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево, ФООМ го спроведува како дел од програмата „Рано детство и образование“ преку повикот за меѓуетничка интеграција во образовниот систем. Грантот кој деветолетката „Ванчо Прке“ од Делчево го доби за негова реализација изнесува 2700 долари.

Share/Save/Bookmark