Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Во тековната 2019 година, Општина Делчево заедно со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Делчево ќе ги зајакнуваат капацитетите и ќе ја промовираат родовата еднкавост како вредност преку Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на КЕМ за 2019 година која беше едногласно усвоена од Советот на Општина Делчево на последната седница.

Во Програмата е предвидена реализација на над пет мерки и тринаесет активности, а целта на Програмата е зајакнување на институционалните механизми за воведување на еднаквите можности на жените и мажите во приоритетните области во надлежност на општината (социјална заштита, образование, култура, спорт и сл.), промоција на родовата еднаквост како вредност (преку информативни кампањи, настани, манифестации и едукации) и пред сѐ поголема вклученост на жените во процесите на идентификување на приоритети и одлучување.

 За спроведувањето на планираните активности: воведување механизам за обезбедување родово разделена статистика, организирање средби, трибини, настани, хуманитарни акции, обуки за КЕМ и општинската администрација, јавни дебати за креирање родово одговорен буџет на општината и работилници за родова сензитивизација на наставниот кадар во општинските училишта, средства ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Делчево и НВО.

 За зајкнување на капацитетите на членовите на КЕМ и изработката на Стратегија за родова рамноправност заедно со Акциски план за родова рамноправност, Општина Делчево ќе соработува со НВО Кхам, Фондацијата The Kvinna till Kvina и UN Women.

Share/Save/Bookmark