Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 17, член 23 став (1) и став (5) и член 25 став (1) од Законот за работни односи-Пречистен текст (Службен Весник на Република Македонија 167/2015), член 50 став 1 алинеја 14 од Законот за локалната самоуправа (Службен Весник на Република Македонија бр.05/2002) и член 11 од Законот за пожарникарство-Пречистен текст(Службен Весник на РМ.бр.168/2017),Градоначалникот на општина Делчево донесе

ОДЛУКА
За избор на кандидати по јавен оглас за вработување на Пожарникар ,Спасител
во ТППЕ на Општина Делчево

 1.Со оваа Одлука, а согласно предложената ранг листа на кандидати за избор на (2) извршители по Јавен оглас за вработување за работно место Пожарникар-Спасител во ТППЕ на Општина Делчево со бр.1/2019 и со архивски број 04-1/1 од 03.01.2019 година, се избираат ЗОРАН ВАСИЛЕВСКИ  и ПАВЛЕ ИВАНОВСКИ за работно место Пожарникар-Спасител во ТППЕ- Делчево со звање Пожарникар –Спасител и шифра на работното место УПР0402Б

2.Избраните кандидати имаат обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекнат со сертификат за стекната квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука на РМ,во спротивно им претстанува вработувањето. 

3.Со именуваните ќе се заснова работен однос по конечноста на оваа одлука.

 

Образложениe

Општина Делчево на огласната табла и интернет страницата на општината и во дневните весници Нова Македонија,Слободен печат и Коха, објави Јавен оглас бр.1/2019 со архивски број 04-1/1 од 03.01.2019 година за пополнување на работното место Пожарникар-Спасител во ТППЕ на Општина Делчево,два(2) извршители.

Со Решение 04-1/2 од 03.01.2019 година, од страна на Градоначалникот е формирана Комисија за селекција за Јавен оглас бр.04-1/1 од 03.01.2019 година.

По спроведената постапка за административна селекција, Комисијата утврди со Записник со архивски број 04-1/9 од 15.01.2019 година дека кандидатите ги исполнуваат условите, и понатамошната фаза на постапката и двајцата кандидати се продолжува.

Комисијата за селекција, спроведе постапка за интервју , утврди Записник со архивски број 04-1/12 од 18.01.2019 година и изготви Конечна ранг на кандидати со предлог за вработување со архивски број 04-1/13 од 18.01.2019 година и ги достави до Секретарот и Градоначалникот на Општина Делчево со избраните кандидати Зоран Василевски со ЕМБГ 2104983492506 и Павле Ивановски со ЕМБГ 2502971492506.

Избраните кандидати имаат обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекнат со сертификат за стекната квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука на РМ,во спротивно им претстанува вработувањето

Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

 

ПРАВНА ПОУКА :

Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на Одлуката до Државната Комисија за одлучување во управната постапка и постапката од работен однос во втор степен.                                                                                                                                                                                                    

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Горан Трајковски

Доставено до :

-Архива;

-Зоран Василевски;

-Павле Ивановски

-Одделение за УЧР ;

 Изготвила:
Џулиета Мемедова

 Одобрил:
Владимир Мерзликин

Share/Save/Bookmark