Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0012_resize

Овоштарите од Пијанец и Малешевијата денеска на едукативна трибина ги слушнаа причините за појавата на штетниот организам кај коскестото овошје Monilinia Fructicola и начините како да се справуваат со неа, бидејќи нејзиното присуство детектирано во овошјето носи далекусежни последици по квалитетот и квантитетот на реколтата, но го сопре и извозот на традиционалниот руски пазар.

На едукативната трибина која се одржа во спомен –домот АСНОМ со наслов „Мерки за превенција и сузбивање на штетниот организам Monilinia Fructicola кај коскестото овошје“, присуствуваа претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Фитосанитарна управа, Државниот инспекторат за земјоделство, Факултетот за земјоделски науки и храна, како и од Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството.

Како што истакнаа претставниците од МЗШВ, целта на трибината е да се потенцира актуелната состојба со штетниот организам monilinija fructicola карактеристичен за коскестото овошје кое се појави на територијата на земјава  минатата година, како и серијата мерки кои ги презема МЗШВ кое за справување со овој штетник има изготвено и акциски план на активности кои треба да се преземат за да се надмине оваа состојба.

 Едукативната трибина е дел од активностите предвидени со цел во претстојната сезона да се отстрани временото ограничување за извоз на коскесто овошје од Република Македонија  во Руската федерација

DSC 0014_resize

DSC 0016_resize

Share/Save/Bookmark