Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Покана февруарски поход 1.1 страна

Покана февруарски поход 2.2 страна

По повод 75-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 24.02.2019. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните на Општина Делчево, здруженијата, јавните претпријатија, институции, политички партии и други, да земат учеството во традиционалниот планинарски марш со кој се одбележува значаен датум од НОВ.

Во рамките на одбележувањето на 75-годишнината од Февруарскиот поход, учесниците на планинарскиот марш, ќе положат свежо цвеќе пред спомен - плочата на Февруарскиот поход, ќе бидат доделени благодарници од Општина Делчево на учесниците на маршот. За учесниците на маршот, организаторот има обезбедено ручек и топол напиток (чај).

За учесниците на маршот кои нема да се враќаат пеш кон Делчево ќе има обезбеден бесплатен превоз на релација Голак-Делчево.

Пријавување за учество на настанот се врши кај лицето Ванчо Новоселски на тел 078/413-680 и 033/411-550.

Share/Save/Bookmark