Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 0083_resize IMG 0087_resize

Деновиве со подобрувањето на временските услови активно започна да се работи на изградбата на дел од сервисна улица бр.1 во населбата Пролет во должина од 262 метри во делот од старата зграда на Општина Делчево возводно покрај река Габровчица. Веднаш по обележувањето и осигурувањето на трасата се започна со замјани работи за ископ на земја од долниот строј на улицата, изработка на постелка со планирање и валирање. Улицата ќе биде изградена со асфалт тип БНХС 16а со рабници од двете страни.

Цената на чинење за изградба на оваа улица по претходно спроведена Е-аукција и потпишан договор изнесува 2.013.000 денари без ДДВ, односно 2.375.340 денари со вклучен ДДВ.

Претходно во овој дел од населбата Пролет беше изградена фекална канализација во должина од 300 метри, линија која ќе ги задоволи потребите на веќе изградените објекти, но Општината ќе продолжи со изградба и на другите инфраструктурни објекти, водоводна мрежа и мрежа за улично осветлување. Станува збор за нова населба,  која е проектирана и ќе биде атрактивна, во близина на централното градско подрачје, предвидени се поголем број на градежни парцели за изградба на куќи за индивидуално домување. Наша обврска и приоритет е во најскоро време да се решат сите инфраструктурнои потреби на жителите на оваа населба,  рече Трајковски.

IMG 0092_resize

IMG 0094_resize

IMG 0102_resize

Share/Save/Bookmark