Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0010_resize

Планинарски друштва од Делчево, Берово и Пехчево заедно со претставници на десетина институции и здруженија на граѓани од Делчево и соседните општини учествуваа на планинарскиот марш на планината Голак организиран по повод 75-годишнината од Февруарскиот поход. Традиционално, организацијата на настанот е на Општина Делчево, а одбележувањето започна  со планинарски марш до Голак во должина од 12 км ( во една насока) по што се положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на Февруарскиот поход која годинава на иницијатива на градоначалникот Трајковски беше реставрирана и поставена на нов постамент пред зградата на детското одмаралиште на планината Голак.

- Успешното изведување на Февруарскиот поход имало големо политичко и воено значење за развитокот на НОВ во Македонија воопшто. Ова нѐ убврзува денеска да се потсетиме на жртвите и на заложбите на нашите предци и да продолжиме да го градиме денешното општество во слободна Македонија. Делчево со гордост го одбележува овој значаен ден од нашата историја, а мене ме радува фактот што денеска на овој настан има голем број учесници, а 60-ина планинари успешно го поминаа патот до планината Голак, рече Трајковски.

 Општина Делчево на учесниците на настанот им додели благодарници.

Планината Голак заедно со Беласица, Плачковица и Осогово била дел од маршрутата на Третата борбена единица која заедно со Главниот штаб требало да стигне за десетина дена во Источна Македонија со што започнале борбените операции од пошироки размери на македонската партизанска војска познати како Февруарски поход. 

DSC 0013_resize

Share/Save/Bookmark