Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0025_resize

Во рамките на проектот „Oдржливо управување со природните ресурси во микро регионот Пијанец-Малеш-фаза два“ Општина Делчево во партнерство со општините Пехчево и Берово спроведува активности за подобрување на турустичката понуда во микро регионот Пијанец-Малеш. Во рамките на овие активности во регионот се поставени букви со имињата на градовите направени од дрво кои се во функција на туристичка понуда, рамки за фотографирање, велосипедски паркинг од дрво. Покрај овие активности подготвени се и во фаза на поставување се 31 туристички патоказ, и 15 информативни табли, како и обновување на 21 информативна табла од првата фаза на проектот.

Во градовите Делчево, Пехчево и Берово опремени се со техничка опрема и простории за промоција на регионот, а подготвени се и промотивни материјали за потребите на туристите кои ке бидат достапни како печатени така и на ново изработената веб страна http://prirodapijanecmales.mk/.

Проектните активности се реализираат преку Програмата за зачувување на природата во Македонија со финансиска поддршка на Швајцарската конфедерација преку Швајцарската агенција за соработка и развој.

Партнер спроведувач во прокетот е Фармахем и Центарот за развој на Источниот плански регион.

DSC 0016_resize

Share/Save/Bookmark