Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

slivi

Пожарите кои викендов беа активни на територијата на Општина Делчево кај месноста Попов Мост и во атарот кај село Тработивиште го вклучија алармот за вонредно активирање на системот за управување со кризи на територијата на Општина Делчево. Согласно со насоките дадени од 11-та Седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи на Република Северна Македонија, Општина Делчево ќе одржи итен состанок на Локалниот координативен штаб при што ќе бидат согледани актуелните состојби со пожарите, како и подготвеноста за ставање во функција на сите персонални, материјално-технички и оперативни ресурси во Општина Делчево.

Состанокот на кој ќе присуствуваат сите инволивари чинители во системот за справување со кризи и кризни состојби, ќе се одржи во Мултифункционалниот центар во зградата на Општина Делчево со почеток во 10 часот.

Како што истакна Кире Цоневски, соработник за превенција за заштита и спасување во Општина Делчево, последните два големи пожари на територијата на Општина Делчево, придонесоа вонредно да се активираат мерките од системот за справување со пожари на отворено и шумски пожари.

-Очекуваме од состанокот да произлезат конкретни мерки, насоки и активности за превентивно делување на терен, а со цел спречување на евентуална појава на нови пожари. Сакам да истакнам дека месецот март не е карактаристичен за појава на оваа елементарна појава, затоа мора сите поединечно и институционално да го дадеме својот придонес за да превенираме големи материјални и еколошки последици. Во таа смисла денеска Општина Делчево уште еднаш преку соопштение апелираше до граѓаните да не палат оган на отворено, посебно стрништа и потсети на казнените одредби за сторителите предвидени во законите кои ја третираат оваа проблематика, рече Цоневски.

Пожарите кои викендов беснееја во Делчевско зафатија околу 50 хектари површина при што изгоре борова шума, овошни насади, багрем,нискостеблеста деградирана шума која е во приватна, но и државна сопственост.

Share/Save/Bookmark