Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

21. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 15.03.2019 година (петок) во во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево. За седницата е предложен следниот 

Дневен ред

-Усвојување на Записник од 20.седница

1.Завршна сметка на Буџетот на Општина Делчево за 2018 година;

2.Годишен извештај на Општина Делчево за 2018 година со Заклучок за усвојување;

3.Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2018 со Заклучок за усвојување;

4. Предлог-Одлука за проширување на средства во Буџетот на Општина Делчево за 2019 година;

Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за финансирање и буџет.

5.Завршна сметка на ЈЛБ „Илинден“ Делчево за 2018 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Шабан Багашов-Раководител на Сектор за финансии во општина Делчево.

6.Завршна сметка на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за 2018 година со Заклучок за усвојување.

Образлагач: Љупчо Прачкоски-ВД Директор на СОУ „М..Брицо“-Делчево.

7.Завршна сметка на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за 2018 година со Заклучок за усвојување;

8.Завршна сметка на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за 2018 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Горан Велков-ВД Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.

9.Предлог-Програма за работа на Одделението за превенција, заштита и спасување при Општина Делчево за 2019 година;

Образлагач: Кире Цоневски-Соработник за превенција, заштита и спасување.

10.Предлог-Одлука за изработка на Урбанистичко-проектна документација Проект за инфраструктура за изградба на атмосферска канализација за населба Басарица-Општина Делчево;

Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам.

11.Предлог-Одлука за давање на согласност и овластување за преговарање.

Образлагач: Владимир Мерзликин-Секретар на Општина Делчево.

12.Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Стојан Димитровски - Командир на полициска станица од општа надлежност.

13.Годишна сметка за ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за 2018 со Заклучок за усвојување.

Образлагач: Маре Бошначка - Сметководител на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

14. Прашања и предлози на членови на Совет. 

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Број 09-470/1
08.03.2019 година
Делчево

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Маневски

Share/Save/Bookmark