Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0012_resize

На територијата на Општина Делчево, во 2019 година имало 36 пожари од кои 22 пожари на отворен простор. Овој податок го пласираше командирот на ТППЕ Делчево, Ванчо Постоловски на денешниот Вонреден состанок што го одржа Локалниот координативен штаб за управување со кризи, а инициран од пожарите кои претходните денови беа активни на територијата на Општина Делчево.

Постоловски истакна дека состојбата со пожарите на територијата на општината е алармантна, бидејќи во моментов има уште еден активен пожар во атарот на селото Вирче, а во претходните два пожари изгорена е површина од околу 50 хектари кај Попов Мост и кај Тработивиште, односно борова шума, багрем, овошни насади, нискостеблеста шума.

DSC 0013_resize

-Ако се напрви споредба со бројот на пожари во претходните години, кога бројот на пожарите во една календарска година се движел од 19 пожари во 2009 г. до 41 пожар на отворен простор и на објекти во 2018 г, заклучуваме дека состојбата е загрижувачка. Сакам да истакнам дека благовремено се реагираше од страна на ТППЕ и од ЈПШС „Голак“ Делчево, а соработката со надлежните институции беше одлична, рече Постоловски.

На Состанокот беше постапено е по насоките и задолженијата од 11-та Седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи на Република Северна Македонија според кои сите чинители во системот за справување со пожари на отворено и шумски пожари на територијата на Општина Делчево се запознати со своите обврски и задолженија.

Исто така, донесен е и заклучок да се воспостават редовни дежурства во ЈПКД „Брегалница“ Делчево и ЈПШС-Подружница Делчево, а ажурирана е и состојбата со перосналните, материјално-технички и оперативни ресурси на сите сили кои ќе бидат во функција за превенција и справување при евентуална појава на пожар.

Кире Цоневски, одговорно лице во Општина Делчево истакна дека покрај превентивните мерки, против сторителите предизвикувачи на пожари ќе бидат преземени санкции предвидени во законските регулативи на РСМ.

-          Исто така, потребно е и зголемување на медиумската кампања со цел подигање на свеста на населението да не преземаат противзаконски активности кои би можеле да предизвикаат пожари на отворено или шумски пожари, а овде ќе истакнам дека последниве пожари констатираа висок степен на комуникација и координација на сите субјекти на локално ниво во поглед на оваа значајна проблематика, истакна Цоневски.

Заклучоците од денешниот Вонреден состанок ќе бидат доставени до сите надлежни институции.

Инаку, во последниве 13 години на територијата на Општина Делчево, а според Центарот за управување со кризи, само од пожари е евидентирана штета од 1 милијарда и 600 милиони денари. Териоријата на Делчево под шума има 24 илајди хектари со загрозеност од прв степен.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 18 Февруари 2020, 08.06 од Д.Чапевски
------76---- По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата,...
Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....
Објавено на 11 Февруари 2020, 09.59 од Д.Чапевски
2020-02-11-09-02-14 Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2019/2020 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 18 средношколци кои...
Објавено на 10 Февруари 2020, 15.11 од Д.Чапевски
-35- Советниците на денешната Седница на Советот донесоа повеќе програми за работа за 2020 година и усвоија извештаи за реализација на програмите во 2019 година. Советниците ги разгледаа и ги донесоа:...
Објавено на 06 Февруари 2020, 15.30 од Д.Чапевски
a- Денес во посета на Делчево беше амбасадорката на Велика Британија г-ѓа Рејчел Галовеј. На работниот состанок кој се одржа во кабинетот на градоначалникот Горан Трајковски се разговараше на повеќе теми...
Објавено на 06 Февруари 2020, 10.08 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-13-04 Екипите на ЈПКД „Брегалница“ и Економскиот оператот „Еуро-бетон“ с. Град кој е задолжен за зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево од утрово работат на терен на...
Објавено на 06 Февруари 2020, 09.10 од Д.Чапевски
----35------- Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 05 Февруари 2020, 19.59 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-05-42 Денеска во посета на Општина Делчево беше директорот на Царинска управа, Ѓоко Танасовски. На средбата разговаравме за повеќе аспекти од локално значење , тоа што го работиме ние како Локална...
Објавено на 04 Февруари 2020, 11.28 од Д.Чапевски
-------148------ Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 148-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на...
Објавено на 30 Јануари 2020, 13.20 од Д.Чапевски
2020-01-31-07-33-52  Во согласност со Годишната програмата на Општина Делчево за регулација на речните корита и водотеци како и програмата на ЈПКД ,,Брегалница'' за чистење на диви депонии денес механизација и екипи...
Објавено на 27 Јануари 2020, 14.25 од Д.Чапевски
2020-01-27-13-27-45 Со дислокација на подземната инфраструктура на локацијата предвидена за изградба на градската капела кај градските гробишта во Делчево, економскиот оператор „ПАНЕЛ-М Мехаз“ ДООЕЛ од Тетово,...
Објавено на 22 Јануари 2020, 14.50 од Д.Чапевски
------12-- Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи за изградба на улици, пристапни патеки и тротоари во Општина Делчево. По јавната набавка на работи отворањето...
Објавено на 20 Јануари 2020, 12.03 од Д.Чапевски
-2020- Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на...
Објавено на 19 Јануари 2020, 11.02 од Д.Чапевски
2020-01-19-10-17-32 Васил Панчовски денеска беше најсреќен и највешт и успеа од триесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст при церемонијата за осветување на реката...
Објавено на 17 Јануари 2020, 12.58 од Д.Чапевски
2020-01-17-11-59-11   Привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици во Делчево. Почитувајќи ја традицијата, в недела на 19 јануари, празнувањето ќе започне во...
Објавено на 17 Јануари 2020, 09.50 од Д.Чапевски
-msip Повик за поднесување на понуди (ППП) - РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)MSIP-NCB-109-19   1.Овој Повик за поднесување на понуди ја следи...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес920
mod_vvisit_counterВчера2911
mod_vvisit_counterОваа недела3831
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец42712
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3298238

Присутни online: 43
Ваша IP: 3.94.202.172
,
Денес: Фев 18, 2020