Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

совет 6

Од вкупно планираните приходи и приливи во буџетот на Општината во износ од 262.824.000 ден. наплатени се 232.364.077 ден., односно 88,4% во вкупниот буџет или ако го анализираме основниот буџет од вкупно планираните 78.940.000 денари наплатени се 73.410.232 или изразено во проценти 93%. Ова го истакна Анка Христова раководител на Одделението за финансии и буџет пред делчевските советници образложувајќи ја завршната сметка.

-Капиталните  расходи се планирани во износ од 28.539.000 ден. а се реализирани во износ од 24.986.200 ден. или изразено во проценти 87,5%, а во однос на вкупните расходи во основниот буџет процентот е 35,4%. Од нив за купување на опрема и машини се потрошени 229.541. ден.,за купување на информатичка и видеоопрема 141.663 ден.за проекти за патишта 2.651.209 ден. ден., за изградба на улици и патишта 1.956.870 ден., реконструкција на улици  и патишта, 15.163.836 ден., изградба на мостови 3.228.609 ден. реконструкција на пречистителни  станици и колектори 545.449 денари, подготвување проекти на други објекти 784.042 ден., надзор над изградбата 27.342  денари, и надомест за одземен имот во износ од 399.302 денари, истакна Христова.

Во 2018 година реализирани капитални расходи во износ од 24.357.357 ден.се:

1. Изградба на пат с.Бигла- с.Турија во износ од 1.956.870  ден.

2. Реконструирани  улици и патишта во износ од 15.163.836 денари се:  „Вељко Влаховиќ“, „Илинденска“, пробивање на селски патишта и доплата на патот Делчево-с.Вратиславци.

3. Потоа средства кои се уплатени за изградба на пешачкиот мост ( кој веќе се гради) како сопствено учество на општината во износ од 3.228.609 ден.

4. Изготвување на проекти за улици и патишта 2.651.209 ден.

5. Подготвување на проекти за други објекти во износ од 784.042 денари ( дел од нив се за регулирање на р.Брегалница, за градски пазар, и др.)

Реконструкција на улиците „М.Тито“, „Светозар Марковиќ“ и „Питу Гули “, од буџетот на донации во износ од 15.212.053 денари.

На 21. Седница на Советот на Општина Делчево беа усвоени и завршните сметки на ЈЛБ „Илинден“, на СОУ „М.М.Брицо, на ООУ „Св.Климент Охридски“, ООУ „Ванчо Прке“ и на ОЈУДГ „Весели Цветови“, како и Програмата за работа на Одделението за превенција, заштита и спасување при Општина Делчево за 2019 година, Одлуката за изработка на Урбанистичко-проектна документација „Проект за инфраструктура за изградба на атмосферска канализација за населба Басарица-Општина Делчево“, Извештајот за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево.

совет 3

Share/Save/Bookmark