Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

туризам1

Делчево беше домаќин на 4-та работилница за стандарди во туризмот и категоризација на објекти организирана во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од Фармахем од Скопје со стратешки партнер Центарот за развој на Источен плански регион, а на кој присуствуваа претставници од сите 11 општини од Источниот регион и сопственици на туристички и угостителски објекти од Делчево, како и претставници од Центарот за развој на ИПР и Министерството за економија.

Стандардизацијата и категоризацијата на туристичките капацитети се нешто што мора да се почитува доколку сакаме да ја зголемиме туристичката посетеност, истакна  Андреа Златковска координатор за екотуризам во Центарот за ИПР.

-Целта на работилницата е зајакнување на капацитетите на членовите на Координативното тело за туризам од Источниот регион, како и на лицата кои се занимаваат со туризам. Мора да се почитуваат правилата за туристите да добијат услуги кои се вредни за парите кои ги даваат, додаде Златковска.

 Претставници од Министерството за економија ја реализираа обуката за стандардите во туризмот и предвидените одредби од Законот за развој на туризмот, а Беким Хаџиу, раководител на Сектор за туризам и угостителство во Министерството за економија истакна дека за инвестиции во рурален туризам годинава Министерството за економија ќе финансира проекти со вкупна вредност од 2 милиони денари, а основен услов е туристичките капацитети да се категоризирани..

-Во делот за развојот на руралниот туризам, Министерството оваа година финансиски поддржува физички лица кои ќе развиваат рурален туризам и ќе инвестираат за отворање туристички капацитети, односно ќе инвеститраат во рурални средини. За рурални среднини обезбедени се 2 милиони денари, а средствата кои ќе ги добие еден субјект е максимум 200 илјади денари или 60% од вкупната инвестиција. Основен услов за искористување на средствата е туристичките капацитети да се категоризирани, а посебна Комисија на терен ќе ги утврдува фактите, истакна Хаџиу.

Општина Делчево изминатата година изработи регистер и целокупна документација на туристички сместувачки капацитети.  

туризам1.1

Share/Save/Bookmark