Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

crkva1.2

Во тек се градежните работи за изградба на фасадата на новата црква посветена на светите браќа Св. Кирил и Методиј, заштитници на градот Делчево. Фасадата се гради со донаторски средства обезбедени од големиот пријател на Делчево, д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, направи увид во текот на работите и изрази задоволство од начинот и темпото на работа.

- Изградбата на фасадата, граѓаните на Делчево ја чекаа две децении. Посебно сум задоволен што успеавме да изнајдеме средства за доизградба на овој грандиозен верски објект и очекувам дека за околу еден месец овој верски објект ќе го добие својот конечен лик. Станува збор за еден од најубавите верски храмови во регионот, а центарот на Делчево, каде што се наоѓа црквата, ќе добие една заокружена целина и атрактивен простор за гостите и за самите жители, рече Трајковски.

Тој уште еднаш се заблагодари на несебичната поддршка на д-р Врабевски и неговата Фондација за доизградба на новата црква.

- Несебичната поддршка на д-р Врабевски и на Фондацијата и неговата донаторска мисија и поддршка на Делчево, но и на транграничниот регион, воопшто, уште еднаш докажува дека пријателството и искрената соработка и почитување, ги надминуваат сите физички граници, истакна Трајковски.

Градежните работи околу изградбата на фасадата ги извршува делчевската фирма „Оникс-вал“, а се очекува тие да завршат за еден месец. По завршување на фасадата ќе започне изградбата и на кровот на црквата.

crkva1

Share/Save/Bookmark