Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0025_resize

Изградба на затворен градски базен во Делчево, изградба на велосипедска патека и сала за куглање, но и чиста вода за пиење и поголема хигиена на улиците се дел од идеите за подобрување на животот во Општина Делчево кои денеска беа доставени од 70-ина ученици од 4-те одделенија од ООУ „Ванчо Прке“ при денешната посета на градоначалникот Горан Трајковски, а во рамките на редовната настава по општество.

Градоначалникот Трајковски со задоволство ги слушна идеите од учениците и истакна дека дел од нивните идеи веќе се влезени во програмата за работа, а во општината приоритетни за реализација се проекти кои ги решаваат инфраструктрните проблеми на граѓаните. Трајковски ги запозна учениците со начинот на функционирање на ЕЛС, органите, секторите, одделенијата кои работат во рамките на ЕЛС, нивната функција и улога. Учениците се интересираа како изгледа еден работен ден на градоначалникот, дали неговата работа е тешка, како функционира Советот на Општина Делчево и сл.

DSC 0026_resize

DSC 0020_resize

Share/Save/Bookmark