Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0034_resize

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Општина Делчево , Горан Трајковски денеска извршија увид во текот на работите за реконструкција на регионалниот пат Делчево-Звегор- Граничен премин „Делчево“, каде изведувачот ГП „Гранит“ од денеска почна со асфалтирање. Министерот Сугаревски истакна дека станува збор за многу значаен пат, бидејќи е дел до рутата на Коридор 8 што нѐ поврзува со Република Бугарија и најчесто користен патен правец за излез од земјата.

DSC 0049_resize DSC 0060_resize

-Реконструкцијата заедно со изработката на проектот е започната минатата година и очекуваме оваа година патот комплетно да биде завршен, а превозот на стока и патници да биде олеснат што ни е и крајна цел. Она што е многу важно и што ни е приоритет како Влада е да обезбедиме брза конекција со граничните премини. Од таа причина започнавме со реконструкција на овој патен правец кој води до граничниот премин Делчево, рече Сугарески.

Министерот очекува оваа година ЈПДП да започне со реконструкција и на делот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, а исто така, се планира реконструкција и на патниот правец од Берово до граничен премин Клепало со Бугарија.

- Тоа значително ќе ја олесни комуникацијата со нашиот сосед Бугарија, а верувам дека ќе влијае и на економската погранична соработка меѓу општините од овој дел на земјата со тие од бугарска страна. Вложуваме сериози инвестиции во патната инфраструктура, преку една милијарда евра инвестиции за изградба и реконструкција на патиштата, истакна Сугарески.

Реконструкцијата на патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин во должина од 5 км, е дел од пакетот проекти кои се реализираат преку Светска банка, каде оваа година е предвидена реконструкција и на 10 км на делницата Делчево-Пехчево, Берово-Виница во должина од 11 км. Вкупниот буџет за овие проекти е 3,3 милиони евра, истакна директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.

- Очекувам градежните работи да завршат до крајот на јуни, по што ќе се реконструира и булеварот, односно А3 Транзит низ Делчево – лев и десен коловоз , каде се започнати подготвителните работи. Вредноста на работите е 500 илјади евра, средствата се обезбедени од Буџет на ЈП за државни патишта. Во овој регион минатата година се реши едно круцијално прашање, а тоа е реконструкцијата на патот Кочани-Делчево и во истиот период потенциравме дека многу патишта од овој регион изминатите 30-40 години не се чепнати, рече Китанов.

Градоначалникот Трајковски изрази задоволство од реализацијата на проектите, бидејќи оваа делница, но и транзитниот булевар се реконструираат прв пат откако е воопшто и изграден пред неколку децении.

-          Квалитетот на животот на сите граѓани на РМ мора да биде на исто ниво. Денеска сме сведоци на еден проект кој можеме да го наречеме не Скопје 2014, туку Делчево 2019, односно на една градежна експанзија која ќе го подобри квалитетот на животот. Ние бевме сведоци за лошата состојба во која се наоѓа коловозот веќе подолго време што, секако, влијае и на безбедноста во сообраќајот, бидејќи овде транзитираат возила кон Бугарија, односно влегуваат во Македонија, но се оддава и лоша слика за градот како погранично место. Добрата инфраструктура значи и добра основа за економски развој, посебно во овој пограничен дел, рече Трајковски.

Посетата на министерот Сугарески и директорот Китанов во Делчево зпаочна со работна средба со градоначалникот Трајковски каде беа презентирани актуелните и идните проекти кои се планирани во програмата на Општина Делчево, а ќе се реализираат со поддршка на ресорното Министерство и ЈПДП.

DSC 0065_resize

DSC 0068_resize

DSC 0076_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 16 Октомври 2019, 07.24 од Д.Чапевски
2019-10-16-06-30-21  Специфичниот геолошки профил на карпи кај делчевското село Ѕвегор е прогласен за природна реткост. Министерството за животна средина и просторно планирање врз основа на Законот за заштита на...
Објавено на 14 Октомври 2019, 13.12 од Д.Чапевски
-29- 30 седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 21.10.2019 година (понеделник) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 14 Октомври 2019, 12.29 од Д.Чапевски
2019-10-14-11-35-24 Машинскиот парк на ЈКП„Брегалница“ Делчево од денеска е побогат со нова современа машина ровокопач.Станува збор за машина- ровокопач вредна на 62.550 евра, а набавена во рамкитена проектот...
Објавено на 09 Октомври 2019, 08.57 од Д.Чапевски
2019-10-09-08-01-17 | Секоја година, првата полна седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела. Во рамки на годинешното одбележување на Светската недела на детето, денеска...
Објавено на 30 Септември 2019, 11.17 од Д.Чапевски
-50 Извршувањето на буџетот на општина Делчево за вториот квартал од 2019 година изнесува 49,27%, односно од вкупно планираните 279.783.412 ден.приходи  за вториот квартал се реализирани...
Објавено на 27 Септември 2019, 14.19 од Д.Чапевски
-info-sovet-inbox-x-daniela-takeva-1447-14-minutes-ago-to-me-valeri-vlatko-translate-message-turn-off-for-macedonian-29  Делчевските советници на 29-та редовна Седница ја усвоија Стратегијата за родова еднаквост во општините Делчево, Берово и Пехчево, како и Акцискиот план на Општина Делчево. Стратешките документи...
Објавено на 20 Септември 2019, 13.29 од Д.Чапевски
2019-09-20-12-41-26    На  петнаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се...
Објавено на 20 Септември 2019, 11.51 од Д.Чапевски
oliver   Модерните концепти на делување на полицијата се во насока на делување во партнерство со граѓаните и градење доверба кон институциите, а посетите на високи претставници од МВР на локалната...
Објавено на 20 Септември 2019, 07.45 од Д.Чапевски
2019-09-20-06-49-12 РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВОЛОКАЛНА САМОУПРАВАБр.04-1668/1120/09/2019 година ДЕЛЧЕВО Врз основа на член 17, член 23 став (1) и став (5) и член 25 став (1) од Законот за...
Објавено на 19 Септември 2019, 11.43 од Д.Чапевски
-29- 29 Седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.09.2019 година (петок) во 14:30 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 18 Септември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-09-18-08-04-12 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, со сопствени средства ја помага доизградбата на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. На донаторската сметка тој уплати 500 евра во денарска...
Објавено на 18 Септември 2019, 07.48 од Д.Чапевски
-2-msip2-ncb-009-19 Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија  Втор Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2  MSIP2-NCB-009-19     1. Овој Повик за Понуди ја следи...
Објавено на 17 Септември 2019, 11.24 од Д.Чапевски
2019-09-17-10-31-33  Претставници од Здружението за турско-македонско пријателство со седиште во Борнова-Измир од Турција беа во посета на Општина Делчево при што остварија работна средба со градоначалникот на Општина...
Објавено на 16 Септември 2019, 11.01 од Д.Чапевски
2019-09-16-10-05-09   Со обележување на хоризонталната сигнализација, заврши рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево кој е дел од државниот пат А3 кој поминува низ Делчево. Согласно со проектот...
Објавено на 13 Септември 2019, 13.00 од Д.Чапевски
2019-09-13-12-04-07  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска го потпиша Договорот со Министерството за локална самоуправа со кој Општина Делчево доби средства од Буџетот на РСМ за поддршка за...
Објавено на 13 Септември 2019, 08.59 од Д.Чапевски
-2019- Општина Делчево во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2019“. Манифестацијата ќе се одржи на 20.09.2019 година (петок) на...
Објавено на 12 Септември 2019, 12.20 од Д.Чапевски
------------msip-ncb-109-19 1.     Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година...
Објавено на 12 Септември 2019, 08.49 од Д.Чапевски
2019-09-12-07-52-19 На иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, Општина Делчево организира екоакција „За почисто Делчево“ на ден 15 септември (недела). За таа цел се повикуваат сите граѓани,...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1894
mod_vvisit_counterВчера2637
mod_vvisit_counterОваа недела7160
mod_vvisit_counterПретходна недела15529
mod_vvisit_counterОвој месец36531
mod_vvisit_counterПретходен месец70377
mod_vvisit_counterВкупно3005882

Присутни online: 37
Ваша IP: 3.85.245.126
,
Денес: Окт 16, 2019