Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

fotovoltaici

Заврши инсталирањето на фотоволтаичните системи на три јавни објекти во Делчево. Фотоволтаични системи за производство на енергија добија Спомен-домот „АСНОМ“-општинската административна зграда, ООУ „Св.Климент Охридски“ и ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, како дел од Програмата за подобрување на инфраструктурата во руралните средини, а во рамките на оваа Програма се реализира проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини.

Имено, на барање од Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на Програмата вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата, изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а е администрирана од Светска банка. 

Преку реализацијата на овој проект, финансирана со средствата од Европската Унија, ќе бидат поставени фотоволтаични системи во 36 општини на вкупно 108 објекти со што ќе се придонесе за заштеда на електрична енергија во јавните објекти преку користење на алтернативни извори за производство на енергија и заштита на животната средина

 Фотоволтаичните централи поврзани на мрежа се очекува да бележат раст во наредната деценија паралелно со зголемување на нивните перформанси и доверливост.

Share/Save/Bookmark