Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

inovativen kamp

Привршуваат подготовките околу организацијата на натпреварот за средношколци во бизнис –концепт во рамките на Иновативниот камп, проект за претприемничко образование,кој ќе се одржи в среда на 27 март во ресторан „Либеро“ во Делчево.

На натпреварот ќе земат учество 21 среднo училиштe од 15 града од целата територија на земјата. Ќе се натпреваруват 100 средношколци и 30 ментори-наставници од Скопје, Битола, Валандово,Делчево, Кочани, Берово, Гевгелија, Куманово, Струмица, Македонски Брод, Прилеп, Штип, Ресен, Maкедонска Каменица и Виница,  додека над 50-тина поканети гости ќе го следат натпреварот.

Инаку, предвидено е во претпладневниот дел преку низа тимски активности и со помош на 20 бизнис- волонтери да го покажат своето знаење во областа на претприемништвото пред 5- членото жири. Во текот на денот, учениците работат во тимови и преку пристап до интернет и технологија го користат своето знаење применувајќи претприемачки вештини и тимска работа за да најдат иновативни одговори за предизвикот.

Согласно со агендата на настанот ќе се обратат: Љупка Панчевска, извршен директор на Џуниор Ачивмент Македонија, Петар Атанасов, заменик-министер на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Горан Трајковски, градоначалник на Oпштина Делчево.

Натпреварот  е финансиски поддржан од  Американската агенција за меѓународен развој, а го реализира организацијата Џуниор Ачивмент Македонија – член на светската мрежа Junior Achievement Worldwide, основана 1919.

Во рамки на Програмата, како една од главните цели, Џуниор Ачивмент Македонија ги поддржува младите луѓе во стекнување практично искуство за водење бизнис и развивање нови вештини, како што се тимска работа, лидерство, презентирање, планирање и финансиска контрола.

Инаку, Општина Делчево последнава гопдина интензивно работи на збогатување на знаењата на учениците од областа на претприемништвото и современите технологии. Натпреварот содржан во Иновативниот камп е втор ваков голем настан во Делчево. Претходно во Делчево беше организиран регионален семинар по роботика, современи технологии и претпримништво, а делчевските средношколци редовно учествуваат на слични семинари во државава и во соседна Бугарија. 

Share/Save/Bookmark