Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0013_resize

DSC 0026_resize DSC 0035_resize

Сто средношколци од 20 средни училиште од државава, денеска во Делчево се натпреваруваат со бизнис-идеи во рамките на Иновативниот камп кој е во организација на „Џуниор ачивмент Македонија“ и Општина Делчево.

Средношколци од Делчево, Скопје, Битола, Валандово, Кочани, Берово, Гевгелија, Куманово, Струмица, Македонски Брод, Прилеп, Штип, Ресен, Maкедонска Каменица и Виница поделени во 20 група составена од 5 ученици работат со поддршка на бизнис-волонтери и преку пристап до интернет и технологија го користат своето знаење применувајќи претприемачки вештини и тимска работа за да најдат иновативни одговори за предизвикот. Идејата развиена во бизнис-план во попладневните часови ќе биде презентирана пред жири-комисија, а на натпреварот има и 30 ментори наставници, како и 50-ина гости кои ќе го следат натпреварот на бизнис идеи.

DSC 0016_resize

Иновативниот камп во Делчево го отворија градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски и директорката на „Џуниор Ачивмент Македонија“, Љупка Панчевска.

Градоначалникот Трајковски истакна дека денешниов натпреварот во бизнис-идеи креирани од младите средношколци отвора нова перспектива која зборува дека во нашата држава од сите релевантни фактори од сферата образование има еден сериозен пристап кон претприемништвото како база од која во иднина ќе се дефинира силен приватен сектор.

- Општина Делчево дава несебична поддршка во организацијата на денешниот настан со што Делчево, како релативно мал град на крајниот Исток од државава, дава свој голем придонес во развојот на претприемништвото и мотивацијата кај младите да размислуваат претприемнички и да работат на развој на своите идеи за бизнис и -да ги реализираат своите соништа.Во оваа прилика изразувам голема благодарност на директорката на Џуниор Ачивмент Македонија, г-ѓа Љупка Панчевска што го запиша Делчево во семејството на градови поддржувачи на целта и мисијата на Џуниор Ачивмент, како дел од светската мрежа на Џуниор Ачивмент основана во 1919 година. Па, ја користам оваа прилика и јавно да им ја честитам 100-годишнината од основањето и им посакувам упорно да продолжат со нивниот концепт на економско и претприемничко образование, финансиско описменување и олеснување на пристапот до вработување за младите, рече Трајковски.

Ова натпреварување има за цел да им овозможи на учениците што поблиску да се запознаат со современиот начин на работа и да ги мотивира да размислат проактивно и е добар вовед во Програмата на ученички компании кој се смета за најдобар пример на претприемничко учење за младите, истакна директорката на Џуниор Ачивмент Љупка Панчевска.

- Денес очекувам да се совладаат нови техники кои се применливи во решавање на  каков било проблем. Младите да стекнат корисни вештини и да ја победат тремата од презентирање. Се надевам дека во иднина, овие млади луѓе ќе добијат можност за да ја развијат и спроведат денешната идеја во реалена инвестиција, рече Панчевска.

Натпреварот  е финансиски поддржан од  Американската агенција за меѓународен развој, а го реализира организацијата Џуниор Ачивмент Македонија – член на светската мрежа Junior Achievement Worldwide, основана 1919 и Општина Делчево.

Презентацијата на бизнис- идеите ќе започне по 15,30 мин, по што жири-комисијата следејќи ги одредените критериуми, ќе ја одбере најдобрата средношколска бизнис-идеја на Иновативниот камп во Делчево.

DSC 0019_resize

DSC 0044_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 11 Ноември 2019, 12.38 од Д.Чапевски
2019-11-11-11-39-53 Планинарскиот-спортски клуб ,,Голак” Делчево ги постави сите патокази на планинарската патека ,,Средна” со што целата патека е комплетирана и е ставена на располагање во туристичката понуда на Општина...
Објавено на 11 Ноември 2019, 11.46 од Д.Чапевски
2019-11-11-10-47-51 Општина Делчево ги информира заинтересираните граѓани, претставници од месните и урбаните заедници, претставници од НВО-секторот, организации и правни лица дека организира „Форум за општински Буџет“ на...
Објавено на 11 Ноември 2019, 11.31 од Д.Чапевски
2019-11-11-10-37-50  Во населбата СРЦ во тек е изградба на крак од фекална канализација. Екипи на ЈКП „Брегалница“ работат на поставување цевки фи- 200, во должина од околу 30 метри по што канализационата линија ќе...
Објавено на 11 Ноември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-11-11-08-01-42 Разговор помеѓу две индивидуи со различни идеи и ставови за уметноста се спојуваат во една заедничка сликовита целина којашто доминира во просторот и со специфично осветлување и рефлексија ја креираат...
Објавено на 08 Ноември 2019, 14.25 од Д.Чапевски
2019-11-08-13-27-44  Интензивно се работи на поставување фекална канализација која поминува низ дел од населбите Басарица и Полето. Согласно со проектот, се градат 4 крака од фекалната канализација во должина од 2...
Објавено на 08 Ноември 2019, 12.31 од Д.Чапевски
2019-11-08-11-35-11 Согласно со препораките на Владата, од денеска во Општина Делчево се воспоставени дежурни инспекциски екипи кои ќе вршат контрола поврзана со евентуалната употреба на недозволени средства за огрев и кај...
Објавено на 08 Ноември 2019, 11.10 од Д.Чапевски
2019-11-08-10-13-53 ЛАГ Малеш – Пијанец  започнува со реализација на проект кој треба да придонесе за подобрување на состојбата со управувањето со отпадот во трите општини Делчево Берово и Пехчево. Како еден од ...
Објавено на 07 Ноември 2019, 15.11 од Д.Чапевски
2019-11-07-14-24-15 Во централното градско подрачје, Делчево доби нова улица. Денеска се асфалтираше улицата позната како „Станбена улица 4“ која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка. Улицата која е во...
Објавено на 07 Ноември 2019, 14.05 од Д.Чапевски
2019-11-07-13-07-42   Општина Делчево во соработка со ПСД „Голак“ и планинарскиот водич, Љупчо Чучуковски,  ја започна едукативната кампања „Играме и учиме за природата“ која ги учи најмладите преку игра како да...
Објавено на 06 Ноември 2019, 13.28 од Д.Чапевски
2019-11-06-12-32-50  Со поставувањето нов асфалт, заврши изградбата на крак од улицата „Орце Николов“ во населбата Ново Делчево. Денеска механизацијата од ОСД „Кирил“ ја асфалтираа улицата која е во должина од 50...
Објавено на 06 Ноември 2019, 08.24 од Д.Чапевски
2019-11-06-07-25-17 Општина Делчево ги информира граѓаните, правните и физичките лица, дека со цел да се спречи загадување на амбиенталниот воздух и за почиста животна средина, а согласно со Законот за амбиентален воздух,...
Објавено на 04 Ноември 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-11-04-11-08-00 Општина Делчево денеска ги објави конкурсите за доделување ученички и студентски стипендии за учебната 2019/2020. Годинава ќе се доделуваат 6 ученички стипендии повеќе во споредба со минатата година,...
Објавено на 01 Ноември 2019, 12.09 од Д.Чапевски
2019-11-01-12-35-41  Во циклусот прес-конференции посветени на работењето во изминатите 24 месеци локална власт, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, се осврна на инвестициите во образовниот систем,...
Објавено на 31 Октомври 2019, 08.36 од Д.Чапевски
-022019- РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈАОПШТИНА ДЕЛЧЕВОЛОКАЛНА САМОУПРАВАБр.04-1926/1131/10/2019 година ДЕЛЧЕВО            Врз основа на член 52 став 1 и став 2 од Законот за...
Објавено на 31 Октомври 2019, 08.18 од Д.Чапевски
2019-10-31-07-21-20  Од Црвената полумесечина на градот Измир, Турција, преку Здружението Македонско-турско пријателство од Измир, во Делчево пристигна донација наменета за ученици кои живеат во социјален ризик....
Објавено на 30 Октомври 2019, 10.06 од Д.Чапевски
2019-10-30-09-13-10  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за реализираните проекти во изминатите 24 месеци од областите: чиста вода за пиење и здрава...
Објавено на 30 Октомври 2019, 08.52 од Д.Чапевски
2019-10-30-07-55-32  Во организација на ЈЛБ „Илинден“ и Општина Делчево синоќа во мултифункционалниот центар во Делчево се одржа промоција на новото дело на писателката Билјана Тинтоска. Јавната локална библиотека...
Објавено на 29 Октомври 2019, 08.13 од Д.Чапевски
2019-10-29-07-34-09 Четири капитални проекти се во фаза на реализација, а во моментов во Делчево се реализираат инфраструктурни проекти во вредност од 120 милиони денари. Ова денеска го истакна градоначалникот на Општина...
Објавено на 25 Октомври 2019, 10.23 од Д.Чапевски
2019-10-25-09-24-55  Машинско- возниот парк на ЈКП „Брегалница“ од денеска е побогат за уште едно возило. Станува збор за товарно моторно возило Уаз- профи од руско производство со погон на 4 тркала, како и со товарен...
Објавено на 25 Октомври 2019, 08.32 од Д.Чапевски
2019-10-25-07-34-33  Минситерството за животна средина и просторно планирање согласно со Законот за заштита на природата го прогласи палеонтолошкиот локалитет Стамер за природна реткост. Палеонтолошкиот локалитет...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес898
mod_vvisit_counterВчера1936
mod_vvisit_counterОваа недела4823
mod_vvisit_counterПретходна недела16282
mod_vvisit_counterОвој месец26591
mod_vvisit_counterПретходен месец65940
mod_vvisit_counterВкупно3063565

Присутни online: 24
Ваша IP: 3.233.226.151
,
Денес: Ное 13, 2019