Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

џуниор2

Тимот Vibe – Rent-a-Scooter, во состав Ана Марија Митева, Петар Танески, Горjана Мицевска, Анастасија Андова и Теодора Домазетовиќ,  од 5 средни училишта од Скопје, Кочани, Куманово, Крива Паланка и Штип, го освои првото место на Кампот на иновации - натпревар на средношколци во претприемнички вештини  кој се одржа вчера во Делчево.  Понуденото решение е производ и услуга за изнајмување на скутер кој работи и на сончева енергија, а кој ќе е решение на сообраќајниот метеж.  Дополнително ќе придонесе и за решавање на проблемите со загадувањето на воздухот, а како еколошки производ придонесува за зачувување на животната средина.

џуниор2

 Второто место припадна на тимот со број 13 составен од ученици од Скопје, Гевгелија, Валандово, Битола, Виница за иновативната идеја - доктор 24- часа со производ за анализа на здравјето на луѓето.

Додека третопласиран е тимот број 3 составен од ученици од средни училишта од Кочани, Скопје, Куманово, Штип и Берово за интерактивната сликовница за деца со оштетен вид. На натпреварот учествуваа 100 ученици од 20 средни училишта од територијата на целата државаКампот на иновации  е еднодневен настан на кој учениците работат во тимови за да најдат решение за поставениот бизнис- предизвик. Тие преку пристап до интернет и технологија, експертска помош од бизнис волонтери го користат своето знаење, применувајќи претприемачки вештини и тимска работа за да најдат иновативни одговори за предизвикотНастанот беше во организација на Џуниор Ачивмент Македонија со поддршка на Општина Делчево, преку проектот на УСАИД „Поддршка на претприемничко учење во Југоисточна Европа и Евроазија.

Share/Save/Bookmark