Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0001_resize

Школски час по предметот општество денеска во Општина Делчево одржаа учениците од 4- те одделенија од ООУ „Св.Климент Охридски“. Директно на средбата со градоначалникот Горан Трајковски, тие имаа можност да се запознаат со улогата и надлежностите на Општината и со должностите на градоначалникот, приоритетните проекти за реализација и начинот на кој функционираат одделенијата и секторите во Општина Делчево.

DSC 0005_resize

Трајковски одговараше и на прашањата на учениците кои најмногу се интересираа како изгледа еден негов работен ден, за проектите за чиста животна средина, но и за безбедноста на учениците во градот Делчево.

По средбата, тие го посетија и Локалниот музеј „Пијанец“ при што имаа можност да се запознаат со културното и етнолошкото наследство на Делчево.

DSC 0007_resize

Share/Save/Bookmark