Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

кик-бокс1.3

Признание за спортските успеси на младите кик-боксери од кик-боксинг клубот „Ас“ од Делчево, денеска им оддаде градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Павел Стојчевски иДилан Ивановски, младите делчевски кик-боксери, дојдоа во кабинетот на градоначалникот со десетина медали и освоени дипломи на неодамнешните балкански првенства. На приемот организиран во нивна чест, градоначалникот Трајковски го потенцираше значењето на спортските успеси на младите кик-боксери и нивниот придонес кон развојот на спортот и натпреварувачкиот дух кај младите во Делчево.

-Ние сме горди на сите спортски успеси на младите спортисти во Делчево. Им оддавам признание на нивните успеси, на нивната борба и пожртвуваност за да го испишат Делчево на врвот од градовите, каде кик-боксот има квалитетна и долга традиција. Сите овие медали кои ги носат од натпреварите се поттик повеќе за мене како градоначалник, да давам поддршка на младите спортисти кои не само што придонесуваат за развој на индивидуалниот и колективниот спорт во Делчево, туку и спортот да се наметне како начин на живот на младите во нашиот град, рече Трајковски.

кик-бокс1

Нивниот тренер и спортски судија Љупчо Стојчевски изрази задоволство од поддршката која ја добиваат од Општина Делчево истакнувајќи дека овие двајца млади кик-боксери  годинава ја започнале со извонреден успех.

-Оваа година ни престојуваат многу натпревари од меѓународен карактер и светско првенство за кадети и јуниори, каде се надеваме дека ќе бидат поканети од селекторот на репрезентацијата. Планираме оваа година ови млади кик-боксери да бидат учесници на меѓународниот камп во Банско во Бугарија, рече Стојчевски.

Претставникот на кик-боксинг клубот „АС“ од Делчево, Павел Стојчевски со еден златен и еден сребрен медал се врати од Balkan Open 2019 кој се одржа во Босна и Херцеговина во градот Тешањ. Медалите, Стојчевски во Тешањ ги освои во дисциплините кик-лајт за помлади кадети под 37 килограми, како и во дисциплината поинт-фајт.

Додека, три сребрени и еден бронзен медал младите кик-боксери освоија на  Wakko Grand Prix 2019, кој се одржа во Сараево од 22 до 24 февруари, каде во конкуренција од 94 екипи кои настапиле во  Сараево, делчевскиот клуб „Ас“ го освои 54 место. Стојчевски медал освоил во категориите поинт-фајт за помлади кадети, како и во лајт-контакт, исто така, во категоријата помлади кадети (-37 кг). Ивановски, пак, бронза освоил во дисциплината лајт-контакт во категорија за постари кадети (-42 кг), додека среброто го освои во кик-лајт за постари кадети (-37 кг).

кик-бокс1.1

Share/Save/Bookmark