Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 0028_resize  

Нов изглед деновиве доби фонтаната пред градскиот парк во Делчево. Екипи на ЈПКД „Брегалница“ со поддршка на Општина Делчево ја санираа градската фонтана каде се поставени нови мермерни плочи и е санирана водводната инсталација на чешмата. Оваа активност е дел од програмата за пролетно уредување на градот во рамките на која деновиве се уредуваше и просторот зад новата црква „Св.Кирил и Методиј“, каде повторно со поддршка на екипи од ЈПКД „Брегалница“ се расчистуваше просторот од расфрланиот отпад и се подготвуваше теренот за хортикултурно уредување на овој простор.

Согласно со Програмата за работа на ЈПКД „Брегалница“ денеска се засеја и нова трева на површини во централниот дел на градот со што ќе се зголемат тревните површини, но и ќе се освежат старите тревници. Истовремено се врши и санација на жардинерите каде ќе бидат посадени пролетни цвеќиња. 

IMG 0002_resize

 

Share/Save/Bookmark