Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

literatura

Во организација на ЈЛБ „Илинден“ утре со почеток во 12 ч во мултикултурниот центар во Спомен-домот АСНОМ, ќе биде претставена најдобрата литература за деца со посебен осврт на најдобрата кинеска литература за деца во издание на Македоника литера“. Антологиската едиција „Најдобрата кинеска литература за деца“, „Македоника литера“ ја реазлираше како копродукциски проект со издавачката куќа „Делфин букс“ од Пекинг. Во едицијата се застапени најпознатите и најчитаните современи кинески писатели за деца и за млади. Во овие книги се вклучени најдобрите дела на авторите, избрани од самите автори. Изборите содржат бајки, басни, раскази или новели. Како прилог, во книгите се објавени и текстови на авторите кои го образложуваат својот избор и се осврнуваат на своето творештво.

Директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска, истакна дека изложбата ќе биде продажна.

-Во знак на светскиот ден на детската литература, наши гости ќе бидат претставници од издавачката куќа „Македоника литера“. Тие ќе ја презентираат најдобрата кинеска литература за деца, а исто така, ќе имаат и продажна изложба. Ги поканувам нашите сограѓани да ја посетат оваа продажна изложба и да си купат по промотивна односно по ниска цена, дополни Петровска.  

Инаку, деновиве како дел од соработката помеѓу Јавната локална библиотека „Илинден“ и Брегалничката епархија во библиотеката пристигнаа книги со црковна литература. Како што информираше директорката Петровска, црковната литературата веќе од утре, ќе биде достапна за читателската публика.

-Нашата библиотека располагаше со многу малку црковна литература, од тие причини во соработка со свештениците од православната црква „Успение на Пресвета Богородица“, а преку Брегалничката епархија набавивме црковна литература. Соработката со Брегалничката епархија ќе продолжи и во иднина. Сакам да ги информирам сите наши членови и читатели кои што се заинтересирани дека веќе од утре можат да дојдат во библиотеката и да изнајмат вакви книги, рече Петровска.

Share/Save/Bookmark