Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

logo-ams

Агенција за млади и спорт започна со имплементација на проектот „Младинска картичка“ кој нуди попусти за млади од 15 до 29 години, во разни области кои се од интерес на младите.

За таа цел, Општина Делчево упатува апел до сите правни субјекти од Општина Делчево, да се приклучат во проектот преку своја понуда на попусти за младите и да придонесат во крајната цел на овој проект, а тоа е подобрување на младинскиот стандард и зголемување на можностите за младите на локално ниво.

Правните субјекти имаат можност да одредат своја понуда на попусти за младите и да ја презентираат преку младинската картичка со што ќе успеат да се промовираат и помеѓу младите на локално ниво, но исто така и помеѓу сите млади корисници на картичката. Картичката овозможува директен контакт на компаниите со младите и претставуваа можност за компаниите да ги промовираат своите услуги и производи помеѓу оваа категоријата млади од 15 до 29 години.

Од друга страна овој проект ќе овозможи финансиско олеснување за младите и голем број на поволности и бенефиции во нивното секојдневие што ќе го подобри начинот на живот на младите, за што ние како општина континуирано се залагаме.

Правните лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот и да добијат повеќе информации за можноста за воспоставување на партнерски однос со Агенцијата за млади и спорт во врска со овој проект, можат да се обратат во Општина Делчево  во Општинскиот центар за Услуги, најдоцна до 10 април, со цел во однос на интересот да овозможиме претставник од Агенција за млади и спорт да присуствува на информативна средба во општината на која ќе се дефинираат идните чекори на соработка.

Ги охрабруваме правните субјекти да се приклучат во проектот и да дадат свој придонес во креирањето алатка од која најголем бенефит ќе имаат младите луѓе. 

Share/Save/Bookmark