Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

олдтајмери

На 13 април во Делчево во организација на Здружението „Kings of the roаds“ од Делчево, а со поддршка на Општина Делчево ќе се одржи четвртата ревија на популарните „олд тајмери“ на која се очекува учество на над 70 стари автомобили. Изложбата и оваа година ќе биде меѓународна, при што организаторот Лоренцо Трајановски, најавува присуство на популарни олд тајмери од 10 градови од соседна Бугарија, но и од Србија, како и од Македонија.

-Оваа година само од Делчево ќе имаме 30-ина автомобили кои се добро очувани и за кои знаеме дека сопствениците добро се грижат. Очекуваме дел од ретроревијата да бидат шевролети, бјуик, бмв, старите и добро познати возила од застава, волга, фијат, трабант, мазда, мерцедес, ланчија, опел и други. Оваа е убава можност, повторно да им оддадеме признание на старите добри автомобили кои денеска ретко се среќаваат во сообраќајот, но кои испишале убава автомобилска историја, рече Трајановски.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој е покровител на ревијата, ги повика жителите од целиот регион да бидат дел од оваа атракција.

-Јас посебно го ценам ентузијазмот на претставниците од Здружението кои го запишаа Делчево на листата европски градови, каде ревијата на ретроавтомобилите е посебна традиција и атракција. Заедно со претставниците од Здружението сакаме да му дадеме нов белег на нашиот град по кој ќе биде препознатлив. Општина Делчево ги порепознава добрите иницијативи и дава максимална поддршка за нивна реализација, рече Трајковски.

Ревијата на стари автомобили ќе се одржува на паркингот пред градскиот стадион во Делчево. За учесниците се обезбедени благодарници и пехари кои ќе бидат доделени на учесникот со најстар автомобил, на најдобро реставриран и за најмлад учесник. Согласно со програмата ревијата започнува во 10 часот, а во 12 часот е најавено дефиле низ улиците во центарот на градот.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 18 Февруари 2020, 13.39 од Д.Чапевски
2020-02-18-12-41-17 Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ на својот шести состанок ги даде проекциите за реализација на инфраструктурниот дел од проектот. На состанокот главна тема беше...
Објавено на 18 Февруари 2020, 08.06 од Д.Чапевски
------76---- По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата,...
Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....
Објавено на 11 Февруари 2020, 09.59 од Д.Чапевски
2020-02-11-09-02-14 Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2019/2020 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 18 средношколци кои...
Објавено на 10 Февруари 2020, 15.11 од Д.Чапевски
-35- Советниците на денешната Седница на Советот донесоа повеќе програми за работа за 2020 година и усвоија извештаи за реализација на програмите во 2019 година. Советниците ги разгледаа и ги донесоа:...
Објавено на 06 Февруари 2020, 15.30 од Д.Чапевски
a- Денес во посета на Делчево беше амбасадорката на Велика Британија г-ѓа Рејчел Галовеј. На работниот состанок кој се одржа во кабинетот на градоначалникот Горан Трајковски се разговараше на повеќе теми...
Објавено на 06 Февруари 2020, 10.08 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-13-04 Екипите на ЈПКД „Брегалница“ и Економскиот оператот „Еуро-бетон“ с. Град кој е задолжен за зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево од утрово работат на терен на...
Објавено на 06 Февруари 2020, 09.10 од Д.Чапевски
----35------- Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 05 Февруари 2020, 19.59 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-05-42 Денеска во посета на Општина Делчево беше директорот на Царинска управа, Ѓоко Танасовски. На средбата разговаравме за повеќе аспекти од локално значење , тоа што го работиме ние како Локална...
Објавено на 04 Февруари 2020, 11.28 од Д.Чапевски
-------148------ Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 148-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на...
Објавено на 30 Јануари 2020, 13.20 од Д.Чапевски
2020-01-31-07-33-52  Во согласност со Годишната програмата на Општина Делчево за регулација на речните корита и водотеци како и програмата на ЈПКД ,,Брегалница'' за чистење на диви депонии денес механизација и екипи...
Објавено на 27 Јануари 2020, 14.25 од Д.Чапевски
2020-01-27-13-27-45 Со дислокација на подземната инфраструктура на локацијата предвидена за изградба на градската капела кај градските гробишта во Делчево, економскиот оператор „ПАНЕЛ-М Мехаз“ ДООЕЛ од Тетово,...
Објавено на 22 Јануари 2020, 14.50 од Д.Чапевски
------12-- Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи за изградба на улици, пристапни патеки и тротоари во Општина Делчево. По јавната набавка на работи отворањето...
Објавено на 20 Јануари 2020, 12.03 од Д.Чапевски
-2020- Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на...
Објавено на 19 Јануари 2020, 11.02 од Д.Чапевски
2020-01-19-10-17-32 Васил Панчовски денеска беше најсреќен и највешт и успеа од триесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст при церемонијата за осветување на реката...
Објавено на 17 Јануари 2020, 12.58 од Д.Чапевски
2020-01-17-11-59-11   Привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици во Делчево. Почитувајќи ја традицијата, в недела на 19 јануари, празнувањето ќе започне во...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2347
mod_vvisit_counterВчера2911
mod_vvisit_counterОваа недела5258
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец44139
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3299665

Присутни online: 41
Ваша IP: 34.226.244.70
,
Денес: Фев 18, 2020