Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0022_resize

Ученици и професори од словенечката гимназија „Полјане“ кои деновиве престојуваат во посета на делчевската гимназија, денеска беа на работна средба кај градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски.

Тема на средбата беше перспективата која се нуди од оваа соработка и која дава основа за размена на искуства, анулирање на стереотипите меѓу учениците, запознавање со нови култури, но пред сѐ, примена на позитивните практики во образованиот процес. Градоначалникот Трајковски им посака добредојде на учениците и професорите од Словенија изразивајќи задоволство од пријателството што се роди меѓу делчевската гимназија „М. М. Брицо“ и гимназијата од Љубљана, „Полјане“.  

-Како градоначалник се залагам да се прошируваат видиците на нашите ученици, да стекнуваат нови искуства и пријателства, да комуницираат со свои врсници од сите страни на светот и да се восприемаат иновативни методи кои ќе придонесат за нов квалитет во образовниот процес. Давам несебична поддршка на овие проекти и во таа насока се и сите мерки кои ги преземаме како Општина во областа на образованието, како што беше Семинарот за роботика одржан во Делчево, Иновативниот камп-натпревар по претприемнички вештини кај средношколците, посета на Европскиот парламент во Брисел и сл, со единствена цел да се подготват младите луѓе за успех во глобалната економија, рече Трајковски.

DSC 0024_resize

За професорите од „Полјане“, Среќко Згага и Франц Јакмиќ, соработката меѓу двете гимназии ќе прерасне во традиција.

- Нашата гимназија има традиција во организација на вакви соработки и горди сме и среќни што успеавме да оствариме соработка со училиште од Македонија. Целта е да се разменувата искуства, да се подобрат познавањата на јазикот, да се запознаат со друг начин на живеење, да се запознае нова култура, да се поврзат две држави, рече Згага.

Во посета на Делчево, деновиве престојуваат 18 ученици од гимназијата во Љубљана. Во рамките на посетата е предвидена посета на музејот и на други културно-историски споменици на градот, промоција на македонски филм во кино салата, тематски презентации во гимназијата по македонски јазик, географија, историја, следење на настава во делчевската гимназија, како и посета на Крушево, Скопје, прошетка на планината Голак и на индустриските комбинати „Фротирка“ и  „Крзно“.

Соработката меѓу двете училишта започна пред два месеци, кога група средошколци од Делчево престојуваа на еднонеделна посета на гимназијата „Полјане“ во Љубљана. Најавите од двете училишта се дека соработката ќе остане традиционална.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 24 Мај 2019, 10.06 од Д.Чапевски
2019-05-24-09-12-00  Делчево е домаќин на научна трибина посветена на годишнината од смртта на најмаркантната личност од сесловенската историја, Константин Кирил Филозоф. Одбележувајќи 1150 години од смртта на...
Објавено на 23 Мај 2019, 13.48 од Д.Чапевски
2019-05-23-12-51-28  Во работна посета на Делчево денеска престојуваше амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, а во рамките на кампањата на  ЕУ,  „ЕУ за тебе“по повод  Денот на Европа и...
Објавено на 23 Мај 2019, 13.37 од Д.Чапевски
2019-05-23-12-41-22  Приказната на теракотните икони од Виничко кале раскажана преку изложбата Ранохристијански керамички релјефи од Виничко Кале, денеска  ја слушнаа и видоа граѓаните на Делчево. Изложбата е...
Објавено на 23 Мај 2019, 07.15 од Д.Чапевски
2019-05-23-06-16-36 Во рамките на одбележувањето на празникот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј,  вечерва во киносалата во Делчево со почеток во 20 часот, Општина Делчево организира целовечерен...
Објавено на 21 Мај 2019, 11.07 од Д.Чапевски
2019-05-21-10-09-29 Громогласен аплауз од публиката ја пречека синоќа актерката Зорица Нушева на премиерното прикажување на  филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија, каде Нушева го...
Објавено на 20 Мај 2019, 13.54 од Д.Чапевски
ff   Советниците од Општина Делчево на денешната 23 Редовна седница расправаа по 28 точки од дневниот ред. Пред советниците денеска се најде и Извештајот на Општина Делчево за вкупниот договорен...
Објавено на 20 Мај 2019, 11.26 од Д.Чапевски
2019-05-20-10-37-53   По период од скоро две децении делчевските пожарникари добија нова заштита опрема. Опремата денеска им ја донираше градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во рамките на...
Објавено на 20 Мај 2019, 09.25 од Д.Чапевски
2019-05-20-08-27-50 По повод денот на Светите Кирил и Методиј кој Делчево ги слави како светители- заштитници на градот, се организира еднонеделна програма која содржи низа културни настани.  Од денеска во чест...
Објавено на 20 Мај 2019, 06.46 од Д.Чапевски
----143-----  Во организација на Општина Делчево, НУЦК„Никола Јонков Вапцаров“, а со поддршка на Министерството за култура, во исконскиот амбиент во селото Разловци со богата културно-уметничка програма беше...
Објавено на 17 Мај 2019, 19.22 од Д.Чапевски
2019-05-17-18-25-10 Генерацијата матуранти 2018/2019  од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“вечерва ја прославуваат својата матура. Традиционално, прославата на матурата започна со дефилето на матураните низ центарот...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.33 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-39-42 Над 1600 цвеќиња во боите на македонското знаме и знамето на Општина Делчево  го облагородија паркот пред општинската зграда во Делчево околу споменикот на Никола Јонков Вапцаров. Денеска екипи на...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.25 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-29-03 Делчево денеска е домаќин на државното првенство во ракомет, како дел од финалниот турнир што го организира Федерацијата на училишни спортови на Република Северна Македонија. На завршниот турнир своите...
Објавено на 16 Мај 2019, 12.09 од Д.Чапевски
-143- Ликовни уметници на платно ќе доловуваат мотиви од исконскиот амбиент на живописното делчевско село Разловци, во рамките на ликовната колонија „Разловци на платно“ организирана во рамките на...
Објавено на 16 Мај 2019, 08.22 од Д.Чапевски
2019-05-16-07-29-57 По повод рамазанските пости градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски ја организираше традиционалната Рамазанска ифтарска вечера на која покрај претставници на Исламската верска заедница при...
Објавено на 15 Мај 2019, 11.31 од Д.Чапевски
2019-05-15-10-33-49 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Патувањето ќе трае 14 дена и е на...
Објавено на 14 Мај 2019, 14.29 од Д.Чапевски
2019-05-14-13-30-50 Согласно со Насоките од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, денеска се одржа состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево. Целта на состанокот беше да се...
Објавено на 14 Мај 2019, 12.02 од Д.Чапевски
2019-05-14-11-04-32 Привршува рехабилитација на патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин во должина од 5 км. Градежните работи на овој патен правец се завршени, според изведувачот ГП „Гранит“, останува уште...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.12 од Д.Чапевски
-143- Општина Делчево НУЦК „Никола Ј. Вапцаров“ со посебна чест и задоволство Ве покануваат на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 143 години од Разловечкото...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.00 од Д.Чапевски
-23- 23. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 20.05.2019 година (понеделник) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 13 Мај 2019, 08.03 од Д.Чапевски
-143-19052019 Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Дечево, ве покануваат да земете учество на традиционалниот планинарскиот марш организиран по повод 143 години од Разловечкото востание. Планинарскиот...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес597
mod_vvisit_counterВчера2329
mod_vvisit_counterОваа недела597
mod_vvisit_counterПретходна недела18039
mod_vvisit_counterОвој месец61460
mod_vvisit_counterПретходен месец80252
mod_vvisit_counterВкупно2694368

Присутни online: 36
Ваша IP: 54.234.227.202
,
Денес: Мај 27, 2019