Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

deponii-gradsko

Над 50 м3 комунален отпад се собрани во последната реализирана акција за пролетно чистење на дивите депонии, а организирана од ЈПКД „Брегалница“. Екипи на ова Јавно претпријатие ги чистеа дивите депонии на планината Голак, кај селските гробишта во с. Разловци, градските гробишта во Делчево, Ралова Чука, дивата депонија во близина на ЈПШС „Голак“.

Како што информираат од ЈПКД „Брегалница“, акциите за чистење на дивите депонии ќе продолжат и наредниот период, а согласно со Програмата на претпријатието, претходно се чистеа дивите депонии во градскиот реон. Со пролетната акција за чистење на дивите депонии ќе бидат опфатени сите критични точки лоцирани од Општинскиот инспекторат.

deponii

Од Општинскиот инспекторат појаснуваат дека по расчистувањето на депониите, ќе бидат воведени засилени 24-часовни контроли кои ќе ги спроведуваат инспектори и редари од Општинскиот инспекторат и полициски службеници кои имаат надлежност по Законот за јавна чистота. За сите несовесни граѓани кои ќе продолжат со депонирање на отпадот на локации кои не се предвидени за депонирање отпад, ќе бидат изрекувани мандатни казни согласно со Законот за јавна чистота кои изнесуваат од 50 до 200 евра.

Поради тоа, од ЈПКД „Брегалница“ и од Општинскиот инспекторат апелираат до граѓаните за поголема свест за заштитата на животната средина, да не ја загадуваат животната средина, отпадот да го депонираат на строго определени локации  и да соработуваат со ЈПКД „Брегалница“.

deponii-gradsko1

Share/Save/Bookmark