Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ИЗВЕШТАЈ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ И ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА ПРОЕКТИТЕ “РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПАТНА ДЕЛНИЦА МЕЃУ ДЕЛЧЕВО И ЗВЕГОР” И “РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р1302,ДЕЛНИЦА ДЕЛЧЕВО-ПЕХЧЕВО” 

Јавното претпријатие за државни патишта ја известува засегнатата јавност дека планира да реализира Проект за “Рехабилитација на патната делница меѓу Делчево – Звегор (дел од делница А3е од автопат А3)”, во должина од околу 1,9 км и Прокет за “Рехабилитација на регионален пат Р1302, делница Делчево-Пехчево” во должина од 10 км.

 Финансирањето на овие проекти се планира да се да се обезбеди со средства од меѓународни финансиски институции (Светска Банка), според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, во фазата на подготовка на Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки, потребно е да се организира јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делниците.

Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина е достапен на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општината Делчево, како и на официјалната веб страница на ЈП за државни патишта и во општината Делчево, како и на нивните интернет страници: www.delcevo.gov.mk и www.roads.org.mk .

Извештај за оцена на животната средина и социјалните аспекти (ESAR) за рехабилитација на регионалниот пат Р1302, делница Делчево - Пехчево

 Јавната консултација за Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти ,План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки за наведените проекти, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти ќе се одржи во:

Општинa Делчево на 18.04.2019 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во просториите на фоајето на спомен дом АСНОМ во Делчево.

 

Лица за контакт:

 Јавно претпријатие за државни патишта

Сашка Богданова Ајцева
Тел: 02/3118 044 лок.305
E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  

Општина Делчево
Тања Стојковска
Моб: 071/ 273-929
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Share/Save/Bookmark