Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Општина Делчево во соработка со локалните образовни и институции од областа на културата и оваа година ја организира традиционалната Велигденска изложба која има продажно-хуманитарен карактер.

Велигденската изложба на велигденски декорации и творби ќе се одржи на Велики четврток, 25 април со почеток во 12 ч на летната сцена пред Спомен-домот АСНОМ.

По тој повод, ги покануваме сите заинтересирани граѓани, здруженија на граѓани и институции да се пријават за учество на „Велигденската изложба“ и да ја збогатат понудата. Пријавата за учество на оваа традиционална „Велигденска изложба“ може да се подигне од архивата при Општина Делчево.

Собраните средства од продажбата на велигденските творби ќе бидат наменети за добротворни цели, а за најдобрите творби, Општината обезбедува парични награди. За првонаградената творба износот е 3.000 денари, второнаградената ќе освои 2.000 денари, а третата награда е во износ од 1.000 денари.

 

Share/Save/Bookmark