Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

TEHNOLOGI1

Средношколците од регионот повторно ќе имаат можност да се запознаат со новините во дигиталниот свет и претприемништвото. Делчево ќе биде домаќин на регионалниот семинар „Иновации, прогрес и дигитален свет“ кој ќе се одржи на 17 април, среда, во ресторан „Либеро“ кој е во организација на Фондацијата „Бугарско сеќавање“. На семинарот се очекува учество на 200 средношколци од Делчево, Виница, М. Каменица, Берово и Струмица, а предавачи ќе бидат водечки иноватори, дигитални специјалисти, автори и лидери во сферата на роботиката.

Семинарот ќе го отвори директорот на Фондацијата, д-р Милен Врабевски.

Како што истакна Венци Димитровски координатор на проектот, целта на овој Семинар е младите да добијат поголеми познавање на полето на иновациите, роботиката и дигиталната технологија.

-Пред сѐ, интенцијата е да се прошират познавањата и да се разбуди интересот за иноваторството, дигиталниот свет и претприемништвото како сфери на иднината кои на младите им отвораат безбројни перспективи. Тие ќе имаат можност да влезат во дигиталниот свет и светот на иновациите, а предавачи ќе се еминантни професионалци од сфрерите кои се теми на семинарот, истакна Димитровски.

Проектот е дел од долгогодишните инвестиции на д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“ за професионални и образовни перспективи за зближување на населението од двете страни на границата. Првиот Семинар за роботика, информатика и напредни технологии во Делчево се одржи минатата година и на него учество зедоа 220  ученици од регионот.

Инаку, соработката меѓу Општина Делчево и Фонадацијата „Бугарско сеќавање“ на д-р Милен Врабевски трае повеќе од  една година. Во овој период воспоставена е цврста соработка во делот на образованието, односно надградување на капацитетите на учениците во делот на информатичките технологии и продлабочување на соработката на образовните институции од двете страни на границата. 

Share/Save/Bookmark