Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

патронат

Со пригодна свеченост, денеска делчевската гимназија „М.М. Брицо“ го одбележа својот патронен празник и прослави 95- години од раѓањето на патронот, истакниот делчевски првоборец и организатор на НОБ, Методи Митевски-Брицо и 58 години од постоењето на делчевската гимназија.

Одбележувањето на патронот започна пред споменикот на Брицо во школскиот двор, каде делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, делегација од СОУ „М.М.Брицо“ предводена од директорот, Љупчо Прачковски, како и делегации од институции од Делчево се поклонија и положија свежо цвеќе.

патронат2

Културно-уметничката програма по повод патрониот празник започна со презентација на активностите на учениците од средношколскиот центар, беше организирана и модна ревија подготвена од учениците од текстилната насока, како и ликовна изложба.

Во своето обраќање директорот Прачковски потсети на улогата и значењето на ликот и делото на патронот Брицо во воениот и повоениот период, како и на неговата заслуга за развој на Делчево во современа градска средина.

-Ние работиме за да го издигнеме наставниот процес на високо ниво и да го одржиме приматот за една од најдобрите гимназии во регионот. Всушност, тоа го зборуваат и постигнатите резултати од нашите ученици на регионалните, општинските и државните натпревари со кои ние се гордееме, рече Прачковски.

Тој додаде дека со поддршка на Општина Делчево се реализираат низа активности, а во моментов се инвестира во подобрување на условите за работа во старата училишна зграда, каде е при крај изградбата на енергетско-ефикасна фасада која треба да донесе и до 30% заштеда на енергија, а опремен е и современ кабинет за потребите на прехранбената струка.

 Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека ликот и делото на делчевецот Брицо и неговиот придонес за изградба на Делчево со сите нишани за една урбана средина, нѐ обврзува да продолжиме по тој пат.

-Нашиот пат е посветен на младите луѓе, отворање перспективи, нови визии,  восприемање на европските вредности и нивна подготовка за пазарот на трудот преку семинарите за претпримачки вештини и роботика. Со директорот на делчевската гимназија изминатиов период работевме на ова поле, покрај осовременување на условите за работа во делчевската гимназија, истакна Трајковски.

Трајковски истакна дека се продолжува во таа насока и го најави вториот семинар во Делчево за „Иновации, прогрес и дигитален свет“ кој се организира со поддршка на Фондацијата „Бугарско сеќавање“ на 17 април во ресторан „Либеро“, каде се очекува присуство на околу 200 средношколци Делчево, Виница, М. Каменица, Берово и Струмица.

Методија Митевски Брицо  е роден во Делчево на 15 април 1924 година, а загинува во водата на Охридското Езеро во 1962 г. Тој е првиот секретар на националниот комитет на Малеш и Пијанец, претседател на Штипската и Малешевската околија, секретар на околниот комитет на КПМ во Битола. Брицо зазема доста високи функции во владата на Македонија како секретар, а во 1960 год. е наименуван за државен секретар по замјоделие и шумарство, а истовремено и потпретседател на извршниот совет во Македонија и како член на Политбирото ЦК ЦКМ, и пратеник на Народното собрание на Македонија. Тој добивал и повеќе ордени меѓу кои најзначајни се: Орден за заслуги за народот од II ред и Орден братство и единстви од II ред. Брицо живеел 38 години од неговиот живот, но целосно поставен за Македонија. Тој несреќно загинува во водите на  Охридско Езеро.

патронат1

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....
Објавено на 11 Февруари 2020, 09.59 од Д.Чапевски
2020-02-11-09-02-14 Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2019/2020 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 18 средношколци кои...
Објавено на 10 Февруари 2020, 15.11 од Д.Чапевски
-35- Советниците на денешната Седница на Советот донесоа повеќе програми за работа за 2020 година и усвоија извештаи за реализација на програмите во 2019 година. Советниците ги разгледаа и ги донесоа:...
Објавено на 06 Февруари 2020, 15.30 од Д.Чапевски
a- Денес во посета на Делчево беше амбасадорката на Велика Британија г-ѓа Рејчел Галовеј. На работниот состанок кој се одржа во кабинетот на градоначалникот Горан Трајковски се разговараше на повеќе теми...
Објавено на 06 Февруари 2020, 10.08 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-13-04 Екипите на ЈПКД „Брегалница“ и Економскиот оператот „Еуро-бетон“ с. Град кој е задолжен за зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево од утрово работат на терен на...
Објавено на 06 Февруари 2020, 09.10 од Д.Чапевски
----35------- Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 05 Февруари 2020, 19.59 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-05-42 Денеска во посета на Општина Делчево беше директорот на Царинска управа, Ѓоко Танасовски. На средбата разговаравме за повеќе аспекти од локално значење , тоа што го работиме ние како Локална...
Објавено на 04 Февруари 2020, 11.28 од Д.Чапевски
-------148------ Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 148-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на...
Објавено на 30 Јануари 2020, 13.20 од Д.Чапевски
2020-01-31-07-33-52  Во согласност со Годишната програмата на Општина Делчево за регулација на речните корита и водотеци како и програмата на ЈПКД ,,Брегалница'' за чистење на диви депонии денес механизација и екипи...
Објавено на 27 Јануари 2020, 14.25 од Д.Чапевски
2020-01-27-13-27-45 Со дислокација на подземната инфраструктура на локацијата предвидена за изградба на градската капела кај градските гробишта во Делчево, економскиот оператор „ПАНЕЛ-М Мехаз“ ДООЕЛ од Тетово,...
Објавено на 22 Јануари 2020, 14.50 од Д.Чапевски
------12-- Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи за изградба на улици, пристапни патеки и тротоари во Општина Делчево. По јавната набавка на работи отворањето...
Објавено на 20 Јануари 2020, 12.03 од Д.Чапевски
-2020- Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на...
Објавено на 19 Јануари 2020, 11.02 од Д.Чапевски
2020-01-19-10-17-32 Васил Панчовски денеска беше најсреќен и највешт и успеа од триесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст при церемонијата за осветување на реката...
Објавено на 17 Јануари 2020, 12.58 од Д.Чапевски
2020-01-17-11-59-11   Привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици во Делчево. Почитувајќи ја традицијата, в недела на 19 јануари, празнувањето ќе започне во...
Објавено на 17 Јануари 2020, 09.50 од Д.Чапевски
-msip Повик за поднесување на понуди (ППП) - РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)MSIP-NCB-109-19   1.Овој Повик за поднесување на понуди ја следи...
Објавено на 15 Јануари 2020, 11.13 од Д.Чапевски
2020-01-15-10-14-47 Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од одводна канализација во с. Град. Како што истакна директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски, изградбата на одводната...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес891
mod_vvisit_counterВчера2911
mod_vvisit_counterОваа недела3802
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец42683
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3298209

Присутни online: 44
Ваша IP: 3.94.202.172
,
Денес: Фев 18, 2020