Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0003

По неколку децении во делчевското Јавно комунално претпријатие „Брегалница“ е набавена нова машина ровокопач-утоварач. Вредноста на машината е 5,3 милиони денари, а инвестицијата е од сопствени средства на претпријатието и согласно со бизнис-планот за периодот 2019-2021 година.

Со новата машина значително ќе се подобри ефикасноста и ефективноста во работењето, истакна директорот Стојче Стојковски.

-Станува збор за машина марка хидромек со моќност 75 киловати, наменета за потешки услови за работа, односно ќе служи за отстранување дефекти на водоводната и канализациската мрежа за расчистување наноси на патишта, уредување паркови, уредување на речното корито. Освен за ова, бидејќи машината има и плуг со пречник од 3,2 метри, може да се користи за зимско одржување на улиците во Делчево, рече Стојковски.

DSC 0029

Градоначалникот Горан Трајковски потенцираше дека со оваа инвестиција се докажува дека доколку, навистина, целта е да се решаваат проблемите, тогаш не треба да се затвораат очи и да се бара оправдување за лошата состојба со претпријатието, туку со одговорно и домаќинско работење и планирање на средствата да се одговори на потребите на граѓаните и на претпријатието.

- Како градоначалник сум денеска посебно среќен, бидејќи по многу години во ЈПКД „Брегалница“ по план и програма е набавена нова машина и во оваа прилика сакам да му честитам на директорот за неговото успешно менаџирање со ЈПКД со што докажа дека со посевтено професионално и домаќинско работење може нормално да се функционира, но и да се инвестира во нова механизација која ќе служи за ефектитивно решавање на проблемите на граѓаните. Оставштината овде од минатата власт е разорно уништување по сите основи на единственото јавно претпријатие во Делчево, каде останаа долгови од 8 милиони денари и месечни рати за исплата од 4 илјади евра. Сепак, се смогнаа сили да се набави нова машина. Очекувам да се продолжи и во идниот период да се инвестира во нова механизација со што ќе се решава и горливиот проблем со старата механизација во претпријатието, рече Трајковски.

 Во инвестицискиот циклус во изминативе неколку месеци, ЈПКД „Брегалница“ инвестирало сопствени средства во висина од 6,1 милион денари. Набавени се косилки и машина за потребите на Секторот за паркови и зеленило, во висина од 600 илјади денари, за потребите на филтер-станицата се набавени нови пумпи во вредност од 200 илјади денари, додека неодамна е завршена набавката на активен јаглен и кварцен песок за замена на филтрите во станицата во село Тработивиште кои не се заменети уште од нивното инсталирање. Вредноста на оваа инвестиција е во износ од 700 илјади денари и е во  целост финансирана од Општина Делчево.

DSC 0006

DSC 0036

Share/Save/Bookmark