Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 

DSC 0032_resize

Над 200 средношколци од регионот денеска учествуваат на семинарот за „Иновации, прогрес и дигитален свет“ кој е во организација на Фондацијата „Бугарско сеќавање“и Општина Делчево,  како дел од долгогодишните инвестиции на Фондацијата „Бугарско сеќавање“ за професионални и образовни перспективи за зближување на населението од двете страни на границата.

Пред средношколците од општините Делчево, Берово, Пехчево, М.Каменица и Струмица, еминентни предавачи ја откриваа тајната на иновациите, прогресот и дигиталниот свет.
 
DSC 0021_resize
DSC 0023_resize DSC 0027_resize
Семинарот го отворија д-р Милен Врабевски, претседател на Фондацијата „Бугарско сеќавање“, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски и заменик-министерот за образование, Петар Атанасов. Во своите обраќања сите го потенцираа значењето на дигиталниот свет и иновациите за иднината на младите луѓе.

-          Нашата цел е вие да бидете важни за иднината и практични реализатори на зборот евроинтеграција. Сето она што е важно за вашиот кариерен развој во еден високодигитален свет во кој сите живееме се дигиталните технологии, претприемништвото, финансиите, роботиката, сателитите, обрнете внимание на докажаните експерти во оваа област кои се ваши предавачи и кои ги покажуваат силните страни на една европска држава. Ние сме дел од неа и затоа сакаме да ви го предадеме нашето искуство, експертиза и сакаме утре вие да ја управувате оваа држава и да учествувате во развојот на општеството што води кон повисоки стандарди, рече Врабевски.

Градоначалникот Горан Трајковски потенцираше дека Делчево е гордо што дава шанса на иднината креирана со дигиталениот свет.

DSC 0033_resize

- Сакаме да ги анимираме младите да гледаат во технологијата на иднината како поле за нивен професионален развој. Како градоначалник, се заложувам младите да добијат поголеми познавања на полето на иновациите, напредните технологии и претприемништвото и мојата интенција е да се прошират познавањата, да се отворат нови видици и да се разбуди интересот за оваа сфера кај младите. Во таа смисла и сите ресурси во образовните институции во Делчево се насочени кон реализација на оваа заложба- да бидеме поблиску до напредниот свет, рече Трајковски.

Заменик-министерот Атанасов изрази задоволство од настанот и истакна дека  дигитализацијата е пред нас и колку побрзо се приклучуваме толку побрзо ќе напредуваме.

- Денеска имате натпревар и потрудете се да бидете успешни и да добиете повеќе знаења, бидејќи ве чека долг натпревар во процесот на образование и дошколување, како и кариерен развој, им порача на присутните ученици Атанасов.

Ова е втор семинар што се организира во Делчево во организација на Фондацијата и на теми поврзани со напредните технологии.

DSC 0035_resize

DSC 0039_resize

Share/Save/Bookmark